Skip to main content Skip to search
Students in Slovenia

Драг иден студент,

штом го читаш овој краток текст, и покрај моменталната ситуација на глобално ниво, претпоставувам дека сакаш перспективна иднина за тебе преку успешен упис на бесплатни студии во Словенија.

Тоа е одлично 🙂

            Во овој момент ме можам да ти ветам дека ќе те запишам.

Не знам што учиш и кое школо го завршуваш, каков просек имаш и дали ВООПШТО можам да бидам твоја менторка.

Со идните студенти работам индивидуално, што значи дека ќе добиеш персонализирана анализа, посветена поддршка и одговорен пристап.

Под мое менторство, специјализирано за тебе, прилагодено исклучиво на твојот образовен профил, ќе направиме стратегија со паметно планирање, врз основа на твоите академски амбиции, со цел успешен упис.

Моја задача ќе биде да подготвам листа на студиски програми за коишто имаш личен интерес, на коишто според твојот просек на оцени ќе имаш реални можности за прием. Од понудените програми ќе избереш три (3) најсоодветни според твоите приоритети.

Притоа ќе имаш доволно време да разговараш со родителите и со другарите, пред да ја донесеш конечната одлука, којашто на крај ќе биде лично твоја.

За сѐ друго ќе се погрижиме ние.

Во Словего, направивме мал прашалник, за да можеш полесно да процениш дали можеме да соработуваме:

  1. Дали уште сега размислуваш да студираш на словенечки универзитет?

Соработката со Словего не е за тебе, ако:

☹ само си љубопитен/на
☹ сметаш дека можеш сам/а да се запишеш, без менторство
☹ инсистираш на упис на факултет, за којшто не ги исполнуваш условите.

За нас во Словего е многу важно да имаш сериозни намери за студии во Словенија!

  1. Кој е твојот просек на оцени и што сакаш да студираш?

Не се грижи доколку твојот просек на оцени не е 5.00.

Важно е да ни кажеш што сакаш да студираш и како ја замислуваш твојата кариера по дипломирањето, односно што сакаш да работиш во иднина.

  1. Дали ќе можеш да следиш наши упатства?

Без грижи, не функционираме со „наредби“, туку го знаеме патот до успехот и точниот редослед во целокупната постапка и поради тоа очекуваме од тебе да ги следиш нашите корисни упатства. Во спротивно може да се случи на крајот сите да останеме незадоволни на патот до целта, а тоа е твој сигурен упис на студии во Словенија.

Student learning

Што понатаму?

Доколку одговараш на критериумите, можеме да соработуваме.

Сигурно сега се прашуваш…

Каков резултат ќе ми донесат Лидија и тимот на Словего?

Одлично прашање 🙂

Многу студенти, не само од Македонија, туку и од другите држави на Балканот, велат дека им имам помогнато успешно да се запишат на факултет во Словенија.

Пред десетина години и јас бев  странски студент во Словенија и многу добро знам колку енергија и време се потребни за целокупната пријавно – уписна процедура.

Освен личното искуство, изминативе години работев и професионално како специјалист за едукација и раководител на регион за уписи на меѓународни студенти на словенечките образовни институции во една поголема агенција за образование.

Самостојно стекнав огромно искуство и сеопфатни знаења за словенечкиот образовен систем, преку посветено работење на најразлични индивидуални примери за упис и успешно решавање на поретки непредвидливи ситуации.

…Од неодамна се одлучив за самостоен пат и мојата мисија е да им помогнам на уште поголем број на идни студенти на нивниот академски пат до успехот.

Што можам да ти гарантирам?

Ќе те земеме под наше менторство, доколку двете страни имаме впечаток дека преку заедничката соработка ќе ја оствариме твојата цел – гарантиран упис на факултет во Словенија.

Не само што ќе добиеш персонализирано, паметно планирање за успешен упис, туку целата пријавно – уписна процедура од почеток до крај ќе ја водиме ние наместо тебе и твоите родители, за да можеш да се посветиш на останатите тековни задачи.

Три работи кои се составен дел од нашата понуда

Ценам транспарентност и според тоа нема смисла да кријам било какви информации.

Затоа добро е да знаеш дека работиме:

– со идни студенти/ки, за коишто подготвуваме детален план за успешен упис
– со кандидати/ки коишто имаат високи цели и амбиции за својата иднина
– на менторски решенија кои чинат помеѓу 400еур и 1500еур

Забелешка: Цените на услугите се прилагодени врз основа на тоа колку часа, енергија и фокус сакаш да инвестираш во нас и во себе, за да ги постигнеме поставените цели.

Да скратам. Доколку мислиш дека гореспоменатите делови од понудата имаат смисла и веруваш дека во Словего можеме да ти помогнеме, тогаш ова е…

Твојот следен чекор

Не грижи се!

Не треба веднаш да ни уплатиш пари за првата рата 🙂

Прво би сакала да дознаеме дали воопшто можеме да ти помогнеме.

Затоа те канам на бесплатно советување преку електронска пошта, а потоа и преку телефон. Целта е да размениме квалитетни информации и да подготвиме план за постигнување на целта.

Доколку по консултацијата заклучиме дека го сакаш нашето менторство за имплементација на планот… супер!

Доколку не, ништо страшно – светот и понатаму ќе продолжи да се врти J

Како тоа изгледа во пракса?

Малку подолу те чека едно црвено копче. Кога ќе кликнеш на него пред тебе ќе се појави образец, каде што ќе напишеш информации за твојот образовен профил:

  • кога/датум ќе завршиш гимназија, стручно школо или додипломски студии
  • твојот точен просек на оцени
  • за кои области на студии се интересираш,

кои ќе ми помогнат полесно да се подготвам за нашиот разговор.

Така што…

Доколку сметаш дека имаме потенцијал да соработуваме и сакаш да искористиш бесплатно советување, кликни на копчето и пополни го образецот на следната страна.

Едвај чекам да составиме план за твојот успешен упис!

Лидија Минанова Кустербајн