Словенија е мала европска земја препознатлива по изобилство на природни убавини, чиста животна околина, квалитетен животен стандард и богата културна традиција.
Со географска местоположба меѓу Алпите и Јадранското море, Словенија се граничи со четири земји: Италија, Австрија, Унгарија и Хрватска.
Број на жители: 2 080 908.
Официјален јазик е словенечкиот, а италијанскиот и унгарскиот јазик се употребуваат во краевите каде живеат италијанско и унгарско малцинство.
Словенија е полноправна членка на ЕУ и НАТО од 2004 година.
Од 2007 година државна валута е еврото
Словенија е потписник на Болоњската декларација и стреми кон спроведување на темелните цели за терцијалното образование: квалитет, вработливост и мобилност во Европа и светот, фер пристап, разноликост на институции и студиски програми.
Високото образование во Словенија ги опфаќа Вишите школи и Универзитетите.
Виши школи: 30 државни и 19 приватни (33 програми).
Високошколски установи: 6 државни универзитети (594 додипломски, 500 магистерски студиски програми) и 40 приватни факултети (110 додипломски и 69 магистерски програми).
Сите студиски програми се акредитирани од Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија.
Со квалитетен образовен систем, меѓународно признаени дипломи и широк избор за научни истражувања, Словенија ќе ви овозможи перспективен професионален развој и ќе ве научи животни лекции надвор од рамките на наставните програми.
Без разлика која студиска програма ќе ја изберете, бидете сигурни дека сте добредојдени во пријателска академска заедница и земја со извонредно организиран систем за поддршка на студентите.