За брза и основна анализа на вашите шанси за упис, испратете ни кратки информации за вашиот образовен профил преку пополнување на образецот.
Словенија е мала европска земја препознатлива по изобилство на природни убавини, чиста животна околина и квалитетен животен стандард...
Секоја студиска програма е уникатен збир на различни работи: предметите коишто се изучуваат, локацијата на студиите или каква кариера таа ќе ви овозможи...
За брза и основна анализа на вашите шанси за упис, испратете ни кратки информации за вашиот образовен профил преку пополнување на образецот.
Ние ви го гарантираме уписот на факултет во Словенија.
Изберете перспективни студии, врз основа на вашите амбиции и професионални цели
Ние ќе се погрижиме за сѐ
Во Словего разбираме дека пријавувањето на студии во странство може да биде стресно за вас и вашите родители. Знаеме и дека очекувате да студирате на најдобриот факултет. Тоа е клучна животна одлука која вклучува многу планирање, истражување и анализа.
Затоа сме тука, да ви помогнеме да ги изберете паметно студиските програми и да ја претвориме вашата желба во резултат – успешен упис на факултет во Словенија!
Нашата канцеларија се наоѓа во Љубљана од каде што работиме на подготовка и уписи на сите државни и приватни факултети во Словенија.
Во Словего имаме сеопфатни знаења за словенечкиот образовен систем и сме фокусирани на врвна услуга и поддршка за идните студенти, базирана на индивидуален и одговорен пристап.
Словего ќе ги исполни сите ваши очекувања за гарантиран упис на студии во Словенија!
Димитар Лосковски
Студент на студентската програма по менаџмент во Копер
„Ви препорачувам соработка со Словего, од лични позитивни искуства. Сите информации беа навреме пренесени до мене и сите прашања обемно одговорени. Озбилни и одговорни во својата работа, со високо ниво на професионалност. Во ниеден момент не се почувствував несигурен, бидејќи имав потполна доверба во нив, која во текот на соработката се потврди.“
Каролина Наумоска
Студентка на магистерски студии по маркетинг во Љубљана
„За Словего дознав преку другарка која што претходната година соработувала со Лидија. Се одлучив за студии во Словенија затоа што дипломата е меѓународно признаена. Ја препорачувам Лидија од SloveGo за соработка која е достапна во секое време за сите прашања и нејаснотии и е ангажирана за сите случувања, за сите документи за упис и за визата, со голема посветеност во работата”.
Виолета Анѓелеска Спасова
Родител на студент на Факултетот за природни науки и математика во Марибор
„За СловеГо дознав преку интернет, а за соработка со нив се одлучив бидејќи од почетокот беа комуникативни и влеваа сигурност.
Соработката беше на топ ниво, а комуникацијата без ограничување.
Ги препорачувам Словего на сите кои сакаат да аплицираат за студии во Словенија… имаат душа!“
Хана Сејдиноска
Студентка на Градежниот факултет во Љубљана
„За Словего дознав преку Инстаграм. Се одлучив да запишам студии во Словенија бидејќи нуди многу добри услови за студирање. Презадоволна сум од соработката со СловеГо и им ја препорачувам на сите идни студенти“
Ана Петрушева
Студентка на Економскиот факултет во Љубљана
„Словенија има широка понуда на различни програми, а стекнатите дипломи се признати во целиот свет. За Словего дознав преку социјалните мрежи. Соработката со нив течеше одлично, со висок степен на ажурност. Со сигурност би ја препорачала на други идни студенти и родители кои се заинтересирани за студии во Словенија.“
Теодора Ѓоргоска
Студентка на Економскиот факултет во Љубљана
„За СловеГо добив препорака од други студенти кои беа задоволни од соработката. Се одлучив да студирам во Словенија за да се стекнам со меѓународно призната диплома и квалитетно образование. Соработката со СловеГо течеше беспрекорно, професионално и најискрено им ја препорачувам на идните студенти да им ја дадат довербата, доколку сакаат уписната процедура да се заврши на најдобар добар начин.“
Калиопи Николова
Студентка на Универзитетот во Љубљана
„За студии во Словенија се одлучив поради тоа што има одлични услови за студирање. Со Словего имав одлична соработка и веќе ја препорачувам на други идни студенти.“
Александар Таневски
Магистерски студии за екоземјоделство
„Топло ги препорачувам SloveGo и менторката Лидија, која во секое време е достапна и ангажирана за сите случувања за упис и за визата. Не размислувајте многу, обратете се во SloveGo и веднаш ќе имате одговор на сите прашања. Јас ги контактирав, ги средивме сите потребни документи и ме примија саканиот факултет на мастер студии.“
Татјана Петковска Мирчевска
Родител на студент на Економскиот факултет во Љубљана
„Поради професионална презафатеност одлучивме да соработуваме со Словего за сите административни процедури околу уписот на Универзитетот во Љубљана. Словего во потполност ги оправда нашите очекувања и ние сме презадоволни од соработката и професионалниот однос во целиот период, од отпочнување, до завршување на целата постапка.
Без двоумење и со големо задоволство би ја препорачале Словего на сите заинтересирани студенти или родители кои планираат да отпочнат постапка за упис на еден од факултетите во Словенија“.
Јована Стојчова
Студентка на Економскиот факултет во Марибор
„ Студирањето во Словенија не ми беше во план, но со откривањето на Словего ја оформив својата цел. Пред сѐ сакав да се стекнам со меѓународно признаена диплома.
Ги охрабрувам идните студенти да го продолжат своето школување токму тука, а на родителите топло им препорачувам да ги поддржат во таа одлука, а поради комплексната процедура тоа да го направат преку Словего. Верував во Словего уште од самиот почеток и потполно ги оправда моите очекувања. Брзи, коректни и професионални во својата работа“.
Љиљана Кнежевиќ Цветковиќ, Ваљево, Србија
Мајка на средношколка, професионална пливачка од Србија
„Во Словенија отиде мојата 14 годишна ќерка, се запиша во спортската гимназија Шишка во Љубљана. Таа е спортистка, пливачка и одлична ученичка. Словенија ни беше единствената можност каде што сериозно може да се тренира и да се учи редовно.
Ќерка ми е единствениот странски спортист што годинава се запиша во спортска гимназија во Словенија, благодарение на Лидија. Без неа, не можевме да го направиме ова. Доколку некој сака да запише училиште во Словенија, Словего е единствена вистинска и сериозна агенција.“
Виолета Миланова
Мајка на ученик во „Средно училиште за комјутери“ во Марибор
„За средно образование во Словенија се одлучивме поради подобар квалитет на образование, подобри услови и професионалност, можностите кои се отвораат за во иднина, се со цел поубав и поквалитетен живот на нашето дете.
За соработка со Словего се одлучивме бидејќи ни требаше правилен извор на информации, т.е. патоказ по кој ќе бидеме сигурни за уписот на нашето дете.
Нашите очекувања како родители се и повеќе од оправдани: професионалци, прецизни, предвидливи, навремени, достапни во секое време, соработливи и искрени во намерата. Ви благодарам од срце! “.
Вања Радосавлјевиќ од Крагујевац, Србија
Студент на Политологија во Љубљана
„Словего ја најдов кога пребарував на интернет агенции за помош при запишување на факултет во Словенија. Студии во Словенија избрав поради подобриот животен стандард и можностите по завршувањето на факултетот. Моите очекувања беа исполнети и со задоволство би ја препорачал Словего на луѓе кои имаат потреби од такви услуги“.
Ана Марија Костадинова
Студира логистика при Универзитетот во Марибор
„Одлучив да студирам во Словенија затоа што студиите се бесплатни. Словенечките дипломи се меѓународно признаени, а по дипломирањето можам да работам во било која ЕУ држава. Факултетите имаат кариерни центри кои помагаат за вработување по дипломирањето. Ми се допадна и големиот избор на студиски програми и тоа што Словенија е чиста и мирна земја“.
Јасмина Гелевска
Родител на студентка по Биодиверзитет на Приморскиот Универзитет
„За студии во Словенија се одлучивме поради тоа што програмата на факултетот беше токму тоа што сакаше ќерка ми, безбедноста во Словенија и условите на студирањето. За Словего се одлучивме поради професионалниот впечаток што од прв момент се осети во нашиот иницијален разговор. Нашите очекувања беа повеќе од оправдани и надминати. Искрено ги препорачувам.“