Skip to main content Skip to search
слика од тастатура

ПРЕДНОСТИ НА БЕСПЛАТНОТО СТУДИРАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

1 мин. читање

 

Бесплатни студии

Студирањето на сите државни универзитети и виши школи е бесплатно за сите државјани на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, врз основа на билатералните договори за образование на овие држави со Република Словенија.  Бесплатно право на студии во Словенија имаат и сите државјани на земјите членки на Европската Унија.

Меѓународно признаени дипломи

Стекнатите дипломи на словенечките високообразовни установи се меѓународно признаени низ целиот свет и претставуваат знак за европски квалитет и академска одличност. Здобиените знаења кои темелат на современи научни методи и пракса, им овозможуваат на дипломците брза интеграција во професионалниот свет.

Уписи без приемни испити

Нема приемни испити за упис на факултетите и вишите школи во Словенија.
Исклучок се академиите за уметност, режија/филм/драма, спорт и архитектонскиот факултет.

Широк избор на студиски програми

Во Словенија има 6 државни универзитети, 143 факултети, 49 виши школи и 40 приватни акредитирани факултети на кои можете да избирате меѓу 1500 студиски програми во сите научни области.

Студентска работа

Словенија е препознатлива студентска дестинација и по тоа што го стимулира студентскиот потенцијал преку студентска работа. Таа е една од ретките земји на светот која им овозможува на студентите да работат до 40 саати неделно.

Бројни студентски погодности

Како странски студент во Словенија вие ќе можете да ги користите истите погодности како и домашните студенти: субвенционирана храна, субвенциониран превоз и бројни попусти за квалитетен социјален живот кои го олеснуваат студентскиот буџет.

Мала јазична бариера

Наставата се спроведува на словенечки јазик, кој е сроден словенски јазик и се учи за два до три месеци. Студирањето на словенечки јазик ќе ги зајакне вашите јазични вештини, а знаењето на уште еден „странски“ јазик ќе биде дополнителна вредност на вашиот професионален профил.

Изберете и вие перспективна иднина, придружете им се на илјадници странски студенти во Словенија!

 

Исполнете го образецот подолу за бесплатна консултација со нашите искусни ментори за едукација и откријте дали нашата понуда за советување одговара на вашите потреби. Ќе ви одговориме најбрзо што можеме!

Пријава за консултации

    ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ