Skip to main content Skip to search
Markeri

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Словенија е вистински избор за студии во странство доколку сакате висок европски квалитет на образование, географска близина и ниски животни трошоци во споредба со другите ЕУ земји. Неколку причини зошто да изберете студии во Словенија: бесплатни студии, меѓународно признаени дипломи во ЕУ и во светот, одлично организиран систем за поддршка на студенти, квалитетен животен стандард, 7 – ма најбезбедна земја на светот, најчиста и најзелена земја во светот, бројни можности за развој на кариера.

Македонските државјани се ослободени од плаќање на школарина, врз основа на билатералниот договор за образование меѓу Словенија и Македонија. Истото важи и за државјаните на Србија, Црна Гора, БиХ и за државјаните на сите ЕУ земји.

Интернетот ни помага да ги најдеме информациите кои ни требаат. Но, специфични детали и прецизни информации за секоја студиска програма (*потребниот просек на оцени) бараат сеопфатно знаење на словенечкиот образовен систем и менторство. Услугите на Словего нудат целосна персонализирана поддршка на студентот и неговите родители од почетокот на процесот на аплицирање, изборот на студиските програми, правилно пополнување и поднесување на пријавите, испраќање на документите на факултетите и комуникација со нив, следење на стриктните рокови, добивање на потврда за прием и упис, па се до самиот крај кога се аплицира за виза и се бара сместување. Сакате и вие ваш личен ментор за гарантиран упис? Пишете ни на info@slovego.com или јавете ни се на вибер: +386 69 722 780.

Словенечките универзитети нудат голем избор на студиски програми (над 1500) во сите научни области: уметност, хуманистички, општествени, природни, технички науки, како и бројни интердисциплинарни програми.

Најважно е да се поднесе пријавата во првиот рок кој почнува во февруари, а откако ќе завршите средно училиште во пријавата се додаваат неопходните документи. Роковите за пријавување на магистерски студии почнуваат во март и се различно траат на секој факултет. Втор и трет рок за пријавување има на факултетите каде што останале непополнети места.

Општи услови за упис на додипломски студии се просекот на оцените од 3г., 4г. и од матурата, а за магистерски студии просекот на оцените од дипломата. Документите за упис се разликуваат во зависност од студиската програма. За прашања во врска со вашиот интерес за студиски програми пишете ни на info@slovego.com.

Да, во Словего ви го гарантираме уписот на факултет, бидејќи од нашето долгогодишно искуство знаеме кој е потребниот просек на оцени за сигурен прием на сите студиски програми. Со сите странки потпишуваме договор како гаранција за квалитетот на нашите услуги. Сакате и вие гарантиран упис и детална индивидуална анализа? Пишете ни на info@slovego.com, за да ви испратиме понуда прилагодена на вашиот академски интерес.

Животните трошоци зависат од градот на студиите. Просечна кирија за соба во Љубљана се движи од 200 – 300 ЕУ на месец и зависи од тоа дали ќе делите соба или стан со цимер/и. На ова треба да ги додадете и трошоците за храна и џепарлакот за социјален живот.

Студирањето е на словенечки, а за уписот не се бара сертификат за знаење на јазикот. Исклучоци се: медицина, стоматологија, фармација, психологија, режија/филм и новинарство, за кои е потребно пред уписот да имате сертификат на најмалку Б2 ниво. Студии на англиски јазик има на одредени програми и барањата на факултетите на јазичен сертификат се разликуваат.

Словенечкиот јазик е сроден словенски јазик и брзо се учи. Пред доаѓањето во Словенија препорачливо е да го учиte јазикот најмалку 3 месеци.

Нема приемни испити за упис на факултет во Словенија, освен на академиите за музика, уметност, филм/режија, спорт, забна протетика и архитектура.

Да, може да студирате вонредно, а за овој тип на студии се плаќа школарина.

Нема старосна граница за упис на словенечките образовни институции.

Да, врз основа на студентската дозвола за престој можете да работите до 40 часа неделно. Според законот минималната саатница за студенти е 5,89 ЕУ бруто.

Да, препорачливо е да стекнете студентско работно искуство, за да го искористите како влог за постојано вработување..