Skip to main content Skip to search
Happy Students before Modern Building

За успешен упис на факултет во Словенија…

3 мин. читање

 

Драг иден студент,

штом го читате овој краток текст, и покрај моменталната ситуација на глобално ниво, претпоставувам дека сакате перспективна иднина за вас преку успешен упис на бесплатни студии во Словенија.

Тоа е одлично 🙂

Во овој момент не можам да ви ветам дека ќе ве запишам.

Не знам што учите и какво училиште завршувате, каков просек имате и дали ВООПШТО можам да бидам ваша менторка.

Со идните студенти работам индивидуално, што значи дека ќе добиете персонализирана анализа, посветена поддршка и одговорен пристап.

Под мое менторство, специјализирано за вас, прилагодено исклучиво на вашиот образовен профил, ќе направиме стратегија со паметно планирање, врз основа на вашите академски амбиции, со цел успешен упис.

Моја задача ќе биде да подготвам листа на студиски програми за коишто имате личен интерес, на коишто според вашиот просек на оцени ќе имате реални можности за прием. Од понудените програми ќе изберете три (3) најсоодветни според вашите приоритети.

Притоа ќе имате доволно време да разговарате со родителите и со другарите, пред да ја донесете конечната одлука, којашто на крај ќе биде лично ваша.

За сѐ друго ќе се погрижиме ние.

Во Словего, направивме мал прашалник, за да можете полесно да процените дали можеме да соработуваме:

1. Дали уште сега размислувате да студирате на словенечки универзитет?

Соработката со Словего не е за вас, ако:

🙁 само сте љубопитен/на
🙁 сметате дека можете сам/а да се запишете, без менторство
🙁  инсистирате на упис на факултет, за којшто не ги исполнувате условите.

За нас во Словего е многу важно да имате сериозни намери за студии во Словенија!

2. Кој е вашиот просек на оцени и што сакате да студирате?

Не се грижете доколку вашиот просек на оцени не е 5.00.

Важно е да ни кажете што сакате да студирате и како ја замислувате вашата кариера по дипломирањето, односно што сакате да работите во иднина.

3. Дали ќе можете да ги следите нашите упатства?

Без грижи, не функционираме со „наредби“, туку го знаеме патот до успехот и точниот редослед во целокупната постапка и поради тоа очекуваме од вас да ги следите нашите корисни упатства. Во спротивно може да се случи на крајот сите да останеме незадоволни на патот до целта, а тоа е вашиот сигурен упис на студии во Словенија.

Што понатаму?

Доколку одговарате на критериумите, можеме да соработуваме.

Сигурно сега се прашувате…

Каков резултат ќе ми донесат Лидија и тимот на Словего?

Одлично прашање 🙂

Многу студенти, не само од Македонија, туку и од другите држави на Балканот, велат дека им имам помогнато успешно да се запишат на факултет во Словенија.

Пред осум години и јас бев  странски студент во Словенија и многу добро знам колку енергија и време се потребни за целокупната пријавно – уписна процедура.

Освен личното искуство, изминативе години работев и професионално како специјалист за едукација и раководител на регион за уписи на меѓународни студенти на словенечките образовни институции во една поголема агенција за образование.

Самостојно стекнав огромно искуство и сеопфатни знаења за словенечкиот образовен систем, преку посветено работење на најразлични индивидуални примери за упис и успешно решавање на поретки непредвидливи ситуации.

…Од неодамна се одлучив за самостоен пат и мојата мисија е да им помогнам на уште поголем број на идни студенти на нивниот академски пат до успехот.

Што можам да ви гарантирам?

Ќе ве земеме под наше менторство, доколку двете страни имаме впечаток дека преку заедничката соработка ќе ја оствариме вашата цел – гарантиран упис на факултет во Словенија.

Не само што ќе добиете персонализирано, паметно планирање за успешен упис, туку целата пријавно – уписна процедура од почеток до крај ќе ја водиме ние наместо вас и вашите родители, за да можете да се посветите на останатите тековни задачи.

Три работи кои се составен дел од нашата понуда

Ценам транспарентност и според тоа нема смисла да кријам било какви информации.

Затоа добро е да знаете дека работиме:

  • со идни студенти/ки, за коишто подготвуваме детален план за успешен упис
  • со кандидати/ки коишто имаат високи цели и амбиции за својата иднина
  • на менторски решенија кои чинат помеѓу 400еур и 1500еур

Забелешка: Цените на услугите се прилагодени врз основа на тоа колку часа, енергија и фокус сакате да инвестирате во нас и во себе, за да ги постигнеме поставените цели.

Да скратам. Доколку мислите дека гореспоменатите делови од понудата имаат смисла и верувате дека во Словего можеме да ви помогнеме, тогаш ова е…

Вашиот следен чекор

Не грижете се!

Не треба веднаш да ни уплатите пари за првата рата 🙂

Прво би сакала да дознаеме дали воопшто можеме да ви помогнеме.

Затоа ве канам на бесплатно советување преку електронска пошта, а потоа и преку телефон. Целта е да размениме квалитетни информации и да подготвиме план за постигнување на целта.

Доколку по консултацијата заклучиме дека го сакате нашето менторство за имплементација на планот… супер!

Доколку не, ништо страшно – светот и понатаму ќе продолжи да се врти 🙂

Како тоа изгледа во пракса?

  • Малку подолу ве чека образец за пријава на консултации,  каде што ќе напишете информации за вашиот образовен профил
  • кога ќе завршите гимназија, стручно училиште или додипломски студии
  • вашиот точен просек на оцени
  • за кои области на студии се интересирате, кои ќе ми помогнат полесно да се подготвам за нашиот разговор.

Така што…

Доколку сметате дека имаме потенцијал да соработуваме и сакате да искористите бесплатно советување, пополнете го образецот подолу и испратете ни порака.

Едвај чекам да составиме план за вашиот успешен упис!

 

Лидија Минанова Кустербајн
основачка на Словего

Пријава за консултации

    ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ