Skip to main content Skip to search

За нас

Студирај во Словенија со некој што го знае патот!

СЛОВЕГО е формирана во 2020 година со единствена цел, да ви дадеме целосна поддршка за пријавно – уписната процедура и со леснотија да ви го отвориме патот до врвно квалитетно образование во Словенија.

Нашата канцеларија се наоѓа во Љубљана, Словенија од каде што работиме на подготовка и уписи на сите државни и приватни високообразовни институции во Словенија.

Изборот на најсоодветната студиска програма, потребната документација, следењето на роковите, поднесувањето на пријавите и уредувањето на студентската виза, особено ако сакате да одите на студии во странство може да биде многу стресно.

Во Словего тоа го разбираме и знаеме дека сакате да го направите најдобриот избор и да ги истражите сите ваши можности, бидејќи сте поставени пред донесувањето на клучна животна одлука.

Тимот на Словего се состои од посветени професионалци, меѓу кои и поранешни странски студенти во Словенија, кои имаат сеопфатни знаења за словенечкиот образовен систем.

Ние ќе ви понудиме врвна услуга, пријателски и одговорен пристап, прилагоден на вашите индивидуални амбиции и професионални цели.

Веруваме дека најдобра инвестиција на долг рок е во квалитетно образование!

Затоа, мисијата на Словего е да ви помогнеме да ја претворите вашата желба во резултат – успешен упис на факултет во Словенија!

Rabotna masa

КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

сложувалка

Избор на програми

Нашите ментори за едукација ќе ви помогнат при изборот на студиските програми. За да го направите најдобриот избор, ќе направиме детална анализа за вас,  врз основа на вашиот интерес, просек на оцени и релани шанси за прием.

пенкало

Административна поддршка

Целосната документација и водењето на пријавно – уписната процедура од почеток до крај ќе биде наша грижа, за вие да не се соочите со непријатни ситуации.

Visa approve

Студентска виза

Ќе ве водиме низ процесот на аплицирање и ќе ви помогнеме да ги подготвите сите потребни документи за вашата студентска виза.

Изјави од задоволни странки