Skip to main content Skip to search

Политика за заштита на лични податоци

Важечко законодавство:

Регулативата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на поединци при обработка на лични податоци и  слободно циркулирање на такви податоци, како и укинување на Директивата 95/46/ЕС (во натамошниот текст: Општа регулатива за заштита на податоците) претставува прва поголема обнова на правното уредување за заштита на личните податоци.

Овој правен акт ги обврзува сите земји членки на Европската унија да постапуваат во согласност со одредбите од Општата регулатива за заштита на податоците, без оглед на националните правила што ја регулираат заштитата на личните податоци, освен во сегментите каде што самата Општа регулатива за заштита на податоците ги овластува земјите членки на ЕУ да регулираат одредена област со свои правни акти (закони) или подетално или построго.

Дека Општата регулатива за заштита на податоците е дел од нашата внатрешна регулатива е неспорно, бидејќи Уставот на Република Словенија (Службен весник на Република Словенија, бр. 33/1999, со промени и дополнувања, во натамошниот текст: Устав на Република Словенија) во третиот став од член 3а. им доверува дел од своите суверени права на правните акти издадени од европскиот законодавец. Заштитата на личните податоци дополнително е заштитена со Уставот на Република Словенија и тековниот општ Закон за заштита на личните податоци – 1 (Службен весник на РС, бр. 86/2004, со промени и дополнувања, во натамошниот текст: ЗЗЛП – 1), кој ќе биде заменет со Законот за заштита на личните податоци – 2, земајќи ги во предвид одредбите од Општата регулатива за заштита на податоците, каде што таа експлицитно го овластува, како и за регулирање на правни работи кои што не се опфатени во рамки на Општата регулатива за заштита на податоците.

Доколку тргнеме од Општата уредба за заштита на податоците, Уставот на Република Словенија и ЗЗЛП – 1 (во сегменти кои не се во спротивност со Општата уредба за заштита на податоците), доаѓаме до почетната точка дека како словенечките, така и европските законодавци не се определија за „моделот на злоупотреба“, туку за „модел на обработка“ на лични податоци. Таквиот модел едноставно значи дека сѐ е забрането во областа на обработката на личните податоци, освен она што не е експлицитно дозволено со важечкото законодавство.

Секоја обработка на лични податоци преставува мешање во човековото право на заштита на личните податоци, што го прави таквото мешање дозволено доколку законодавството дефинира кои лични податоци може да се обработуваат, а целта на обработката на личните податоци мора да биде јасно наведена и да се обезбеди соодветна заштита.

Област на заштита:

Заштитата на личните податоци, исто така наречена приватност на информациите (Information Privacy) е дел од приватноста на луѓето. На секоја индивидуа и е загарантирана заштита на личните податоци, што се рефлектира во барањето за законитост при собирање, обработка и употреба на лични податоци за однапред утврдени цели, а исто така му дава прво на поединецот да биде информиран за тоа кои податоци се собираат за него и за правото на судска заштита.

Тоа е објективно право, а фирмата СЛОВЕГО, советување за образование, Лидија Минанова с.п (во натамошниот текст СЛОВЕГО, Лидија Минанова Кустербајн с.п) е должна не само да ја почитува заштитата на личните податоци, туку за намените на обработка на личните податоци има законско правна основа.

Овде сакаме да нагласиме дека заштитата на личните податоци не влијае само во односот помеѓу државните органи, органите на локалната заедница и носителите на јавни овластувања, туку и меѓу приватните лица, односно граѓанските правни лица.

Корисници:

Правото на заштита на личните податоци им припаѓа само на физички лица, но не и на правни лица. Поединецот којшто ужива заштита на личните податоци е одредено или физичко лице кое може да се идентификува, на коешто се однесува личниот податок.

Лицето што може да се идентификува е тоа физичко лице кое може директно или индиректно да се одреди, особено со назначување на идентификатор, како што е име, идентификациски број, податоци за локација, идентификатор на веб страна или од еден или повеќе фактори специфични за физичкиот, физиолошкиот, генетскиот, менталниот, економскиот, културниот или социјалниот идентитет на тоа лице.

Затоа личните податоци се сите податоци што укажуваат на карактеристиките, состојбата или односите на една личност, без оглед на формата во која се изразуваат.

Цел на политиката за заштита на личните податоци:

Политиката за приватност мора да биде читлива и разбирлива за јавноста, за нашите странки и за нашите деловни партнери. Целта на оваа политика за заштита на личните податоци е да ја информира јавноста за целта, обемот и природата на личните податоци што ги собираме и обработуваме.

Затоа ги информираме поединците за нивните права во врска со личните податоци во рамките на политиката за приватност.

СЛОВЕГО, Лидија Минанова Кустербајн с.п  главно ги обработува следниве видови лични податоци, како што се: име, презиме, електронска пошта, адреса на живеење, телефонски број на лицата, на кои што се однесуваат личните податоци и други потребни лични податоци за извршување на дејноста. Наведените лични податоци на лицата ги обработуваме во согласност со Општата регулатива за заштита на податоци, која стапи на сила на 25 мај 2018 година, како и со другите применливи регулативи со кои се регулира заштитата на личните податоци.

Притоа, СЛОВЕГО, Лидија Минанова Кустербајн с.п како управувач нагласува дека не користи автоматско донесување одлуки, вклучително и обликување на профили.

Со цел да се заштитат личните податоци, СЛОВЕГО, Лидија Минанова Кустербајн с.п како управувач на личните податоци користи организациски, технички и други соодветни мерки и процедури, со коишто обезбедуваме соодветна безбедност и доверливост на личните податоци и спречување на нивно неовластено обработување, уништување, промена или загуба.

Личните податоци ги обработуваме и на тој начин ги чуваме само за колку што е потребно за да се постигне целта за која се добиени личните податоци, освен ако со друг посебен закон не е предвидено поинаку. Доколку не е наведен рок на чување, кој е одреден со чувањето на личните податоци, во тој случај тие се ќе бидат блокирани или ќе бидат избришани во согласност со барањата на Општата регулатива за заштита на податоците.

Личните податоци на лицата исто така ги обработуваат нашите договорни обработувачи (подобработувачи), кои за СЛОВЕГО,  Лидија Минанова Кустербајн с.п извршуваат услужни услуги. Тоа се главно дистрибутери на пратки, развивачи и одржувачи на информативни решенија, сметководствени услуги, договорни обработувачи за вонсудска и судска наплата на заостанати долгови и други.

Колачиња:

Колачињата се текстуални датотеки што се зачувани на компјутерот на корисникот и овозможуваат анализа на посетата на корисникот, бројот на посети и она што го интересира во тие посети. Колачињата содржат основни информации за посетата на корисникот на одредена веб страница, имено (на пр. името на посетената веб страница, што е направена на светската мрежа) содржината на колачето е зачувана на компјутерот на корисникот во специјален директор.

Поединецот на кој што се однесуваат личните податоци, може во секое време да спречи поставување на колаче преку веб страницата со соодветно наместување на интернет прелистувач и со тоа трајно да го одбие поставувањето на колачињата. Покрај тоа, веќе поставените колачиња може да се избришат во било кое време во поставките на внатрешниот прелистувач.

Основни права на лицето, на кое се однесуваат личните податоци:

СЛОВЕГО, Лидија Минанова Кустербајн с.п презеде соодветни мерки, со кои им ги обезбедуваме на лицата, на кои се однесуваат личните податоци, сите информации во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците. На барање на лицето СЛОВЕГО, Лидија Минанова Кустербајн с.п му ги обезбедува на засегнатото лице сите информации во концизна, целосна и во прегледна форма и на едноставен и разбирлив јазик, како што е утврдено во членовите 13 до 21 и член 34 од Општата регулатива за заштита на податоците.

Правата на лицата, на кои се однесуваат личните податоци се шематски прикажани во Табела 1 (подолу под оваа политика).

Ние ќе одлучиме за барањето на лицето, на кои се однесуваат личните податоци, без непотребно одложување, освен во случајот на член 43 од Општата регулатива за заштита на податоците, и во секој случај во рок од еден месец по приемот на барањето. Во случај личните податоци да не бидат откриени, ние ќе ја наведеме причината за таквото одбивање.

Табела 1: Права на лицето, на кое се однесуваат личните податоци

Транспарентност и начини Информации и пристап до лични податоци Корекции и бришењеПраво на приговор и автоматско донесување на одлуки Ограничувања
транспарентни информации на известувањата и начините за остварување на правата на лицето, за кое се однесуваат личните податоци. информации што треба да се обезбедат, кога личните податоци се добиваат од лицето, право на корекција, право на приговор, ограничувања.
информации што треба да се обезбедат, кога личните податоци не се добиени од лицето,право на бришење (право на заборавање), автоматско донесување на одредени одлуки (управувачот не ги изведува).
право на пристап на лицето.право на ограничување на обработката,
обврска за известување во врска со корекцијата или со бришењето на личните податоци или ограничувањето на обработката,
право на преносливост на податоците.