Skip to main content Skip to search
Книги за студирање

Магистерски студии

Студиите од втор степен во Словенија се делат на:

  • програми за специфична област
  • интердисциплинарни програми
  • здружени програми
  • интегрирани прогрми.

Траење: 2г.
Настава: од 1 октомври до 31 мај

Македонските државјани и државјаните на сите ЕУ земји се ослободени од плаќање на школарина за редови студии, додека пак за вонредните студии се плаќа школарина.

Студентски погодности

Странските студенти во Словенија имаат право на:

  • субвенционирана исхрана и превоз
  • студентска работа
  • стипендии
  • учество во Еразмус + програмата.
Студент во Словенија

Услови за упис

За упис на магистерски студии се земаат во предвид:

  • просекот од дипломата
  • оцената од дипломската работа
  • *оцените од одредени предмети
  • *резултатот од приемниот испит.

Приемни испити нема, освен на академиите за музика, уметност, режија/филм, спорт, архитектура, дизајн на текстил и облека.

B2 сертификат за знаење на словенечки или англиски јазик се бара на одредени програми.

Рокови за пријавување

Прв рок: март – различно.
Втор рок: август – септември.

За студиските програми на кои има приемен испит роковите за поднесување на пријавите вообичаено траат пократко.

На 6 -те универзитети во Словенија има 103 факултети на кои се реализираат 500 магистерски програми во сите научни области. За повеќе информации во врска со изборот на студиските програми контактирајте нѐ на info@slovego.com.

Списокот на потребните документи за упис се разликува во зависност од тоа на која студиска програма и универзитет сакате да се пријавите.

Да, одредени студиски програми имаат настава на англиски јазик. За повеќе информации контакирајте нѐ на info@slovego.com.