Да се биде студент и да се биде со се во тек не е лесно. Но, затоа со постојаниот развој на технологијата постојат алатки или апликации кои помагаат и го олеснуваат начинот на живееење на студентот. За вас избравме 7 апликации кои што се популарни меѓу студентите во Словенија, а кои што ќе ви го олеснат студентскиот живот.

 

Študentska prehrana

Секој студент кој што студира во Словенија знае дека има субвенциониран оброк кој што може да го користи низ рестораните во градот во кој што студира. Токму оваа апликација ги содржи сите потребни информации за избор на ресторан, во која преку филтер можете да бирате: оддалеченост од местото, цената на доплаќање, оценки од останатите муштерии итн. Исто така, апликацијата дава историја на кое место последен пат сте јаделе и најважното од се, колку бонови ви преостануваат за месецот.

Glovo или Wolt

Исто поврзано со категоријата на јадење, но овојпат ако сте решени да нарачате храна за која можеби поради лоши временски услови или поради преголеми обврски за учење немате време да одите до тоа место. Тогаш за тоа постојат овие два најголеми дистрибутери на храна, на кое што освен големиот избор на храна и нарачувањето кое е во многу лесни чекори, имате опција да ја следите доставата преку мапа и времето кое е потребно да пристигне нарачката на вашата адреса.

Leksi

Leksi е одлична апликација која што овозможува едноставна и ефективна организација на студиите на студентот. Може да го внесете вашиот неделен распоред, предметите во одредениот семестар, најавените датуми за колоквиуми, испити, како и да ја вградите својата студентска е-пошта.

Ljubljana Bus

Студентите кои студираат на Универзитетот во Љубљана и користат јавен превоз до својот факултет, апликацијата Ljubljana Bus ќе им биде повеќе од корисна. Ги дава сите информации и податоци за следното пристигнување на автобусите од нивната локација и најблиската постојка, како и отворена мапа каде што се обележани сите автобуски постојки во градот.

AMZS

Оние кои што патуваат со свое приватно возило до факултетот и сакаат да избегнат гужви и доцнења, оваа апликација им е повеќе од добредојдена. Со AMZS вие секогаш ќе бидете во тек со тоа каква е моменталната ситуација на патиштата. Исто така ќе може да ги дознаете актуелните цени на горивата, да гледате на некои од поставените веб-камери на патиштата и да го пресметате времетраењето за вашето патување.

Апликација од банката во која што имате сметка

Речиси секој што има сметка во банка ја употребува услугата “e-banking”. Намената на оваа апликација кај одредената банка во која што сте пријавени е нормално пред се, преглед на моменталната состојба на вашата сметка, расположливите средства со кои сте на располагање, преглед на последните извршени трансакции и се почестото популарно мобилно плаќање на сметките.

LinkedIn

Без разлика во која година од вашите студии сте запишани, пожелно да веќе да имате креирано свој LinkedIn профил. Со доброто визуелно уредување на вашиот профил, како и наведените сертификати и вештини кои што сте ги стекнале, можете да добиете повик за работа од работодавците кои го прегледале вашиот профил. Дополнитено, служи и за објавување на ваши колумни и текстови, нивно следење од останатите членови во вашиот круг, поврзување со останати ваши колеги и пријатели, истакнати лица од полињата на науката, бизнис сферата, уметноста итн.

 

[Прочитај следно] Туторство – помош и советување на бруцошите