GEA College e првиот бизнис колеџ во Словенија, кој го подобрува учењето на студентите преку практично знаење и е синоним за бизнис образование со фокус на претприемништвото, менаџментот и лидерството.

Студиските програми на GEA College се дизајнирани според моменталните глобални трендови, меѓународните стандарди во образованието и обуката, и најважно за знаењата и вештините што вработените и претприемачите ќе ги применуваат на нивните соодветни пазари во иднина. Оваа образована институција нуди и практични обуки во различни градови во Словенија и во странство во рамки на дел од избраната студиска програма.

Колеџот се стреми да стане најдобра образовна институција за едукација и обука на динамични претприемачи, бизнис лидери и менаџери во Централна и Источна Европа. Во иднина, ГЕА колеџот има тенденција да стане центар за развој и соработки на одлични проекти во деловното образование.

Трите главни субјекти на GEA College се:

  1. Факултетот за претприемништво
  2. Високошколскиот стручен центар и
  3. Бизнис – едукативниот центар.

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Приватниот бизнис колеџ е специјализиран за претприемништво и менаџмент, што дава добар квалитет и прагматично ориентирани образовни програми на додипломски и постдипломски студии во последните 20 години.

Студиските програми траат 5 години. Додипломските студии траат 3 години (180 ЕКТС), магистерските студии траат 2 години (120 ЕКТС), а идните студенти можат да избираат измеѓу 3 студиски програми:

  1. Претприемништво
  2. Претприемништво во перспективни сектори
  3. Дигитален маркетинг.

Магистерските студии се унапредување од дипломските насоки на претприемништвото, а студентите имаат на избор 2 смерови:

1. Претприемачки менаџмент
2. Справување со ризици и корпоративна безбедност.

Програмите на факултетот се дизајнирани за амбициозни луѓе кои сакаат да напредуваат брзо низ рангот на нивната корпорација со постигнување на неопходни теоретски и практични знаења за да биде најдобрите извршни менаџери и лидери.

ВИСОКОШКОЛСКИ СТРУЧЕН ЦЕНТАР

Геа Колеџ Љубљана Словенија

Една од првите приватни образовни институции во Словенија која обезбедува професионално знаење на студентите, за да можат успешно да работат во динамично деловно опкружување кое повикува на континуирани прилагодувања поради постојани промени.

Студиите на Вишата школа траат 2 години, а за избор има повеќе насоки:

  1. Економија
  2. Бизнис администрација
  3. Компјутерски и информатички науки
  4. Организатор на социјална мрежа
  5. Угостителство и туризам
  6. Дизајн на визуелни комуникации
  7. Маркетинг

БИЗНИС ЕДУКАТИВНЕН ЦЕНТАР

Бизнис едукативниот тренинг центар преку своето неформално образование им помага на претприемачите, компаниите, бизнисмените, итн., да ги прошират своите вештини и компетенции за да можат да држат чекор со деловните средини кои брзо се менуваат. Во рамки на бизнис едукативниот центар се организираат бизнис семинари и работилници, ориентирани деловна едукација, како и програми со меѓународно признати сертификати.

Предности за студирање на GEA College

  • Учење во мали студиски групи и блиска соработка со предавачи
  • Поттикнување на жените во претприемништво
  • Учење базирано на реални случаи во компаниите
  • Современи методи на студирање: семинари, студии на случај, работилници, презентации, групни дискусии и проектна работа. Модулите се оценуваат со мешавина од задачи, презентации и испити.
  • Предавачи со вистински деловни искуства.

 

Зошто треба да студирате на GEA College?

Gea College Ljubljana

Промена на кариерата за која секогаш сте сонувале.

Со самото завршување на колеџот го зголемувате вашиот потенцијал за заработка. Вашата позиција значително ќе ви се подобри. Можете да ги имплементиравте новите вештини кои што ќе ги стекнете на колеџот уште наредниот ден на вашето работно место.

Преместување на менаџерска позиција

Со добиеното знаење и самодоверба можете да преземете врвна менаџерска улога во вашата компанија. Вашите лидерски вештини ќе се подобрат и способноста за одлучување ќе ви се изостри.

Започнување на ваш сопствен бизнис

Конечно, професионалци кои сакаат да започнат сопствен бизнис и сакаат да се издвојат понапред од нивната конкуренција, ќе научат како да истражуваат и создаваат бизнис планови, да најдат капитал и да остварат свои нови компании во иднина.

Сите студиски програми na GEA College-от се акредитирани од SQAA (Словенска агенција за обезбедување квалитет за високо образование, НАКВИС) и од страна на Министерството за образование на Република Словенија, така што дипломите се меѓународно признати.

Факултетот за претприемништво и студиската програма Претприемништво од додипломските студии се оценети и од германска институција за оценување на квалитетот во високото образование, ФИБАА.

За повеќе информации околу уписот на студиските програми на GEA College, пишете ни на: info@slovego.com.

 

[Прочитај повеќе] Додипломски студии во Словенија