Skip to main content Skip to search
Среќни студенти во словенија

Додипломски студии

Студиите од прв степен во Словенија се делат на:

  • високошколски програми, 3г.
  • универзитетски програми, 3г., 4г.
  • интегрирани прогрми, 5г., 6г.

Настава: од 1 октомври до 31 мај.

Испитни сесии: јануари – февруари, јуни, август – септември.

Начини на студирање: редовно и вонредно.

Македонските државјани и државјаните на сите ЕУ земји се ослободени од плаќање на школарина за редовни студии. За вонредни студии се плаќа школарина.

Студентски права

Странските студенти во Словенија имаат  право на:

  • субвенционирана исхрана и превоз
  • студентска работа
  • стипендии
  • учество во Еразмус + програмата
  • бројни попусти и погодности.
Студент на прослава на дипломата

Услови за упис

Завршено 4г. средно образование и положена: државна матура и/или стручна матура.

Селекцијата на пријавените кандидати се врши според:

  • успехот од матурата
  • успехот во 3г. и 4г. во средното образование
  • на некои програми и успехот од одредени предмети.

Приемни испити нема, освен на академиите за музика, уметност, режија и филм, спорт, архитектура, дизајн на текстил и облека.

Б2 сертификат за словенечки јазик треба за: медицина, стоматологија, психологија, фармација, здравствена нега, режија и филм, новинарство.

Рокови за пријавување

Прв рок: февруари – април.
Втор рок: август – септември.

На 40 – те приватни факултети роковите за поднесување на пријавите се различни.

На 6 -те универзитети во Словенија има 103 факултети на кои се спроведуваат 594 додипломски програми во сите научни области. За повеќе информации во врска со изборот на студиските програми контактирајте нѐ на info@slovego.com.

Списокот на потребните документи за упис се разликува во зависност од тоа на која студиска програма и универзитет сакате да се пријавите.

Целата пријавно-уписна постапка трае околу 6 месеци, а за успешен упис освен вашиот просек на оцени, важно е да ги испочитувате сите рокови и административни процедури. Заштедете драгоцено време и енергија за пребарување на информации и детали и контактирајте нѐ уште денес да ви помогнеме на патот за гарантиран упис на студии во Словенија.