Добро платените и перспективни професии се тема на интерес меѓу студентите, но и за оние кои размислуваат за промена на работното место. Некои штотуку ги избираат студиите, додека други теоретски сè уште ја усовршуваат својата професија. Дел од нив се веќе на пат да ја изберат својата прва работа со полно работно време.

При донесувањето на оваа важна одлука одлучуваат повеќе фактори, а еден од нив е и висината на платата, која што го одредува и квалитетот на вашиот живот.

Студиските програми во областите поврзани со науката, технологијата, инженерството и математиката нудат солидни можности за вработување и перспективна кариера. Се разбира, меѓу нив се и вечно актуелните професии: лекар, правник, архитект, градежен инженер и економист.

Меѓу најбараните професии во Словенија кои што овозможуваат брзо вработување по дипломирањето се:

Според Службата за вработување на Словенија, месечната нето плата на најбараните професии во 2020-та година се движела од 1200 до 2000 евра нето, во зависност од квалификациите и искуството на вработените.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) е меѓународна организација која промовира политики за подобрување на економската и социјалната благосостојба на луѓето ширум светот.

Според нивните податоци и анализите на нивните држави членки, меѓу високообразовните студиски програми сѐ уште најпопуларни за избор меѓу студентите се економијата, администрацијата и правото.

Потоа следат програмите во областа на информатиката, комуникациските технологии и техничките науки, производството и градежништвото. Но, треба да се додаде дека интересот за технологијата, инженерството и математиката расте со нивото на образование и перспективноста што ја нудат тие професии.

Експертите за човечки ресурси  ги советуваат младите да не се потпираат само на еден сектор во своето образование. Според нив, добро е да се завршат додипломски студии од областа на природните науки, а потоа магистерски студии од областа на општествените науки.

Во иднина, флексибилноста на различни полиња ќе биде многу важна предност за барателот на работа. Имајќи две дипломи од различни области на науки, односно два различни факултети ќе ви помогне не само во поголеми шанси за вработување, туку и многу поголемо и поопширно знаење на науките за кои што успешно сте дипломирале и магистрирале.

Тоа се разбира е од голема вредност, бидејќи докажува дека сте човек кој не се плаши од предизвици и да искуси нешто ново и поинакво. Така ќе бидете меѓу уникатните кандидати за работа на пазарот на трудот.

 

[Прочитај повеќе]: Предности на додипломските студии во Словенија