Skip to main content Skip to search
Students in their classroom smiling

Виши школи

Вишите школи во Словенија имаат акцент на практична настава и активна соработка со претпријатијата.

Студентите стекнуваат употребливи стручни знаења преку задолжителна пракса (40% од студиите или 800 часа) во словенечките фирми, со цел добивање на релевантни работни искуства.

Траење: 2 години – 4 семестри

Начин на студирање: редовно и вонредно.

Студентски права

Секој запишан странски студент на Виша школа има право на:

  • субвенционирана исхрана
  • субвенциониран превоз
  • студентска работа
  • учество во Еразмус + програмата.
Студентка на архитектура

Услови за упис

Завршено 4г. средно образование и положена: државна/стручна матура или завршен испит.

Селекцијата на кандидатите за распишаните места се врши според:

  • 50% од успехот на матурата
  • 50% од успехот во 3г. и 4г.

Приемни испити нема, освен за упис на програмите: фотографија, медиумска продукција, дизајн на материјали и организатор на социјални мрежи.

Рокови за упис

Прв пријавен рок: февруари – април

Втор пријавен рок: август.

Може да избирате меѓу програмите: економист, сметководство, информатика, енергетика, телекомуникации, мехатроника, градежништво, козметика, велнес, туризам, логистика и многу други.

По завршувањето на студиите стекнувате степен VI/1 и називот Виш економист, козметичар, сметководител или инженер по енергетика, градежништво, информатика.

Вообичаена пракса во Словенија е работодавачите да ги вработат студентите кои биле на пракса кај нив, бидејќи така добиваат соодветен кадар за потребите на работниот процес.