Студентски бонови – олеснувачи на студентскиот буџет

Словенечкиот систем на субвенционирана исхрана на студентите придонесува за поквалитетен живот во текот на студирањето и го олеснува студентскиот буџет. Токму затоа, за студентите во Словенија студентските бонови се една од најкорисните државни погодности во текот на студиите.

Боновите претставуваат делумно финансиран оброк од страна на државата, со цел секој студент да добие барем еден топол оброк на ден. Како студент во Словенија вие ќе можете да ги користите овие бонови во текот на целото студирање.

Кој има право на користење на студентски бонови?

Право на користење на студентски бонови имаат сите запишани студенти на вишите школи и на универзитетите во Словенија.

Со потврдата дека сте студент прво ќе треба да се регистрирате во системот за студентски бонови. Потоа, ќе можете да ги користите субвенциите за храна со помош на вашиот мобилниот телефон, со кој преку терминал го докажувате правото на користење.

Субвенција од 2,69 евра

Вредноста на студентскиот бон е 2,69 евра, а разликата до полната цена на оброкот ја плаќате непосредно кај угостителот. Така на пример доколку оброкот чини 5 евра, вие ќе треба да ја платите само разликата од целата сума на оброкот и вредноста на субвенцијата. Во овој случај тоа се 2,31 евра.

Цените на менијата во „студентската кујна“ во рестораните се различни. Но, во поголемиот број на случаи овие државни пари се доволни студентот да добие полн оброк, кој вклучува главно јадење, супа, салата и една овошка. Студентското мени е балансирано и хранливо, а порциите се доволно големи. Многу ресторани имаат понуди и на вегетаријански и безглутенски оброци во менијата за студентите.

Еден бон на ден за секој студент

Како студентот во Словенија вие ќе имате по една субвенција (бон) за секој работен ден во месецот. Доколку сакате да искористите два бонови во еден ден, нив може да ги употребите со интервал од најмалку четири саати измеѓу оброците. Исклучоци се студентите кои имаат деца и инвалидите. За нив, нема четири часовно ограничување за користење на два бонови во текот на еден ден.
Бројот на неискористени месечни бонови се пренесуваат во следните два месеца.

Субвенциите за храна можете да ги користите од 8 – 21 часот во текот на денот и за време на викендите. Тие важат во сите ресторани и угостителски објекти кои учествуваат во програмата за исхрана на студенти.

 

[Прочитај следно]Колку ќе ве чини студирањето во Словенија?

Предности на студентските бонови

Предноста на користењето на студентските бонови е што нема географско ограничување за нивна употреба. Вие како студентот ќе можете да ги користите во рестораните со студентски менија низ цела Словенија.

Уште една предност на овој електронски систем на студентска исхрана е што не треба однапред да давате пари за храна, ниту пак имате ограничување кај кој угостител мора да јадете.

Системот на студентски бонови не е ограничен само на студентски мензи. Како студент вие ќе можете да ги користите во некои од најдобрите ресторани во Словенија по исклучително ниски цени. Доколку ви се случи понекогаш да немате време и да морате да јадете нешто на брзина, боновите можете да ги искористите во веригите за брза храна, кои исто така се вклучени во овој систем.

[Уписи во тек]