Skip to main content Skip to search
Замислен студент во Словенија

Како да ја изберете најсоодветната студиска програма?

1 мин. читање

 

Имате тешкотии при изборот? Сите ние сме имале!

Секоја студиска програма е уникатен збир на различни работи како на пример предметите коишто се изучуваат, локацијата на студиите и каква кариера таа ќе ви овозможи. Без разлика дали сѐ уште размислувате за изборот на студиските програми, се двоумите помеѓу студии во две различни области или воопшто не сте сигурни каква кариера сакате, ние можеме да ви помогнеме да ја изберете најдобрата студиска програма и при поднесувањето на апликацијата.

Еве како да направите план за изборот на најсоодветната студиска програма за вас:

Откријте во што сте најдобри и кои се вашите интереси

Направете листа на ваши интереси и вештини, размислете некое време за нив и разговарајте со родителите и со вашите врсници. Издвојте ги оние дисциплини коишто ви ветуваат перспективна и исполнета иднина. Скратениот избор на опции ќе ви овозможи да се фокусирате на студиските програми коишто најмногу ви одговараат.

На пример, доколку сте добри со математика и бројки, вие можете да се одлучите за студии по сметководство или економија, или пак за инженерски струки во комбинација со програмски јазици, роботика и физика. Доколку пак ве интересира здравјето на луѓето, владеете со специфична емпатија, тогаш за вас се студиските програми по медицина, здравствена нега или физиотерапија.

Истражувајте поопширно

Пред да ја донесете одлуката многу е важно да се информирате добро за сите студиски програми на универзитетите во Словенија коишто се од ваш интерес.

Откако ќе одлучите што сакате да студирате, треба да проверите дали ги исполнувате условите за упис, односно дали го имате потребниот просек на оцени за конкретната студиска програма. Ова знае да биде незгодно, но ние ќе ви помогнеме.

Нашите искусни ментори за едукација се експерти за пронаоѓање на студиските програми коишто најдобро ќе одговараат на вашите амбиции за кариера, а притоа да имате сигурни шанси за упис со вашиот просек на оцени. Секогаш можете да ни се обратите преку е-пошта: info@slovego.com или преку телефон за советување и да разговараме за деталите. Со задоволство ќе ви одговориме.

Испланирајте ги студиските трошоци

Најголемо олеснување на вашиот буџет е што сте ослободени од плаќање на школарина, а за возврат добивате врвно европско образование. Но, тоа не значи дека не треба да ги предвидите и испланирате и другите трошоци за сместувањето, храната и буџетот за социјално дружење. Тие секако зависат од градот на студиите, но и од животниот стил на студентот.

Можности за кариера

Вашата избрана студиска програма ќе ве подготви на патот до посакуваната професија, затоа добро е да знаете каква студиска програма барате. Така на пример доколку сакате да  работите во здравство, ИТ секторот или можеби како инженер, Словенија е одлична дестинација за работа, бидејќи побарувачката на кадар во овие области постојано расте.

Доколку не можете да се одлучите, изберете интердисциплинарна студиска програма, којашто ќе ви овозможи вработување во различни сектори.

Не заборавајте и тоа дека стекнатата диплома во Словенија е меѓународно признаена и ќе можете да ја искористите како билет на вашиот пат до професионална кариера насекаде низ Европа, но и во светот.

Сѐ уште размислувате?

Исполнете го образецот подолу и закажете бесплатна консултација со еден од нашите ментори за едукација и откријте дали нашата понуда за советување одговара на вашите потреби.

Пријава за консултации

    ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ