Skip to main content Skip to search
Словенското знаме

Зошто да студираш во Словенија?

2 мин. читање

 

Словенија е мала европска земја препознатлива по изобилство на природни убавини, чиста животна околина, квалитетен животен стандард и богата културна традиција.

Со географска местоположба меѓу Алпите и Јадранското море, Словенија се граничи со четири земји: Италија, Австрија, Унгарија и Хрватска.

Број на жители: 2 080 908.

Официјален јазик е словенечкиот, а италијанскиот и унгарскиот јазик се употребуваат во краевите каде што живеат италијанско и унгарско малцинство.

Словенија е полноправна членка на ЕУ и НАТО од 2004 година.

Од 2007 година државна валута е еврото.

Високошколско образование во Словенија 

Како потписник на Болоњската декларација Словенија стреми кон спроведување на темелните цели за терцијалното  образование. Тоа се:  квалитет, вработливост и мобилност во Европа и светот, фер пристап, разноликост на институции и студиски програми.

Високото образование во Словенија ги опфаќа Вишите школи и Универзитетите.
Виши школи: 30 државни и 19 приватни (33 програми).

Високошколски установи: 5 државни и 1 приватен универзитет (594 додипломски, 500 магистерски студиски програми) и 40 приватни факултети (110 додипломски и 69 магистерски програми).

Сите студиски програми се акредитирани од Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија.

Со квалитетен образовен систем, меѓународно признаени дипломи и широк избор за научни истражувања, Словенија ќе ви овозможи перспективен професионален развој. Таа ќе ве научи животни лекции надвор од рамките на наставните програми.

Без разлика која студиска програма ќе ја изберете, бидете сигурни дека сте добредојдени во пријателска академска заедница и земја со извонредно организиран систем за поддршка на студентите.

7 причини зошто Словенија е најпопуларна европска студентска дестинација во регионот

 

1. Европски квалитет на образование

Студиите во Словенија се бесплатни за македонските државјани, врз основа на билатералниот договор помеѓу двете земји. Уписите се вршат без приемни испити (освен на уметничките смерови), а стекнатите дипломи на словенечките универзитети се меѓународно признаени и претставуваат знак за европски квалитет и академска одличност.

 

2. Голем избор на студиски програми

Во Словенија има 6 универзитети и 143 факултети, на кои можете да избирате меѓу 1500 студиски програми во сите научни области. Студирањето темели на современ академски, интерактивен и иновативен пристап. Наставата е фокусирана на истражување и пракса, а факултетите се опремени со најсовремени технологии и лаборатории. Вашето стручно надградување ќе биде поддржано од врвни професори експерти во својата област.

 

3. Безбедна и мирна

Словенија постојано е рангирана како една од најбезбедните нации во светот. Во 2017 година Глобалниот индекс за мир (Global Peace Index), ја наведе Словенија како седма најбезбедна земја во светот. Како странски студент во оваа земја вие ќе имате еднакви права со словенечките студенти.

 

4. Најчиста земја на светот

 Обединетите Нации во 2017 година ја прогласија Словенија за најчиста земја на светот.

Титулата „најзелена“ Словенија ја освои поради високото рангирање во сите индикатори за квалитет на воздухот, водата и отпадот, заштита на природата и зелените бизниси. Во 2016 година ЕУ го прогласи главниот град Љубљана за најзелен европски град. Во целата земја има 17 сертифицирани зелени дестинации.

 

5. Земја на иновации

Словенија спаѓа меѓу најиновативните земји во светот, благодарение на нејзиното огромно вложување за научни истражувања и развој во различни области. Оваа мала земја е во светскиот врв по бројот на изуми, висока технологија, продуктивност, додадена вредност на производството, ефикасност во високото образование (процент на работна сила со диплома).

 

6. Работа за време на студиите

Словенија е една од ретките земји во Европа и во светот којашто им овозможува на студентите да работат до 40 часови неделно. Преку студентската работа државата стимулира стекнување на работно искуство пред дипломирањето и зајакнување на студентскиот буџет.

 

7. Животни трошоци

Најголемо олеснување на вашиот буџет е што сте ослободени од плаќање на школарина, а за возврат добивате квалитетно високо образование. Секако пред доаѓањето на студии во Словенија треба да ги земете во предвид и трошоците за сместување и храна, кои во споредба со другите европски земји се релативно ниски.

 

Заштедете драгоцено време и енергија за пребарување на прецизни информации и детали за студиските програми и условите за упис.

Исполнете го образецот подолу и закажете советување со нашите искусни ментори за едукација, а ние ќе ви помогнеме на патот до гарантиран упис на студии во Словенија!
Ќе ви одговориме најбрзо што можеме!

Пријава за консултации

    ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ