Првиот рок за поднесување на пријавите за упис на словенечките универзитети секоја година почнува во февруари.
Најважен рок е бидејќи тогаш сите места се слободни и со поднесувањето на пријавата го „резервирате“ вашето место на избраните факултети и студиски програми.
Сега сигурно се прашувате како да се пријавите во февруари кога сѐ уште не сте завршиле средно училиште или факултет (*за упис на магистерски студии) и ги немате сите документи? Паметно прашање…
Малкумина знаат дека во првиот рок се поднесуваат апликациите, а во текот на летото тие се дополнуваат со останатата потребна документација.
Имајте во предвид дека во текот на целата пријавно – уписна процедура која трае околу 6 месеци, особено е важно вашите пријави да се пополнети без грешки и да ги испочитувате сите рокови и административни процедури.
Заштедете драгоцено време и енергија за пребарување на веродостојни информации и детали за студиските програми и условите за упис и контактирајте нѐ уште денес да ви помогнеме на патот до гарантиран упис на студии во Словенија!