Skip to main content Skip to search

FAQS-2

Students in Slovenia

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Зошто да студираш во Словенија?

Словенија е вистински избор за студии во странство доколку сакаш висок европски квалитет на образование, географска близина и ниски животни трошоци во споредба со другите ЕУ земји.  Неколку причини зошто да избереш студии во Словенија:

  •  бесплатни студии
  • меѓународно признаени дипломи во ЕУ и во светот
  • одлично организиран систем за поддршка на студенти
  • квалитетен животен стандард
  • 7 – ма најбезбедна земја на светот
  • најчиста и најзелена земја во светот
  • бројни можности за развој на кариера.

Што се подразбира под бесплатни студии?

Македонските државјани се ослободени од плаќање на школарина, врз основа на билатералниот договор за образование меѓу Словенија и Македонија. Истото важи и за државјаните на Србија, Црна Гора, БиХ и за државјаните на сите ЕУ земји.

Зошто да се обратам во Словего?

Интернетот ни помага да ги најдеме информациите кои ни требаат. Но, специфични детали и прецизни информации за секоја студиска програма (*потребниот просек на оцени) бараат сеопфатно знаење на словенечкиот образовен систем и менторство.
Услугите на Словего нудат целосна персонализирана поддршка на студентот и неговите родители од почетокот на процесот на аплицирање, изборот на студиските програми, правилно пополнување и поднесување на пријавите, испраќање на документите на факултетите и комуникација со нив, следење на стриктните рокови, добивање на потврда за прием и упис, па се до самиот крај кога се аплицира за виза и бара сместување.
Сакаш и ти твој личен ментор за гарантиран упис? Пиши ни на info@slovego.com или јави ни се на Вибер: +386… …

Кои студиски програми ги има во Словенија?

Словенечките универзитети нудат голем избор на студиски програми (над 1500) во сите научни области: уметност, хуманистички, општествени, природни, технички науки, како и бројни интердисциплинарни програми.

Сакам да запишам студии од октомври 2021, кога треба да се пријавам?

Најважно е да се пријавиш во првиот рок кој почнува во февруари, а откако ќе завршиш средно школо во пријавата се додаваат неопходните документи.
Роковите за пријава на мастер студии почнуваат во март и се разликуваат на секој факултет.
*Втор и трет рок за пријавување има на факултетите каде останале непополнети места.

Кои се условите за упис и кои документи ми се потребни?

Општи услови за упис:

  • за додипломски студии: просек на оцени од 3г., 4г. и од матурата.
  • за магистерски студии: просек на оцени од дипломата.

Документите за упис се разликуваат во зависност од студиската програма. За прашања во врска со конкретни програми пишете ни на info@slovego.com.

    ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ 

    Student learning

    Дали Словего ми го гарантира уписот?

    Да, во Словего ти го гарантираме уписот на факултет, бидејќи од нашето долгогодишно искуство знаеме кој е потребниот просек на оцени за сигурен прием на сите студиски програми. Со сите странки потпишуваме договор како гаранција за квалитетот на нашите услуги.
    Сакаш и ти гарантиран упис и детална индивидуална анализа? Пиши ни на info@slovego.com за да ти испратиме понуда прилагодена на твојот академски интерес.

    Колку ќе ме чини животот во Словенија како студент?

    Животните трошоци зависат од градот на студиите. Просечна кирија за соба во Љубљана се движи од 150/200 ЕУ на месец и зависи од тоа дали ќе делиш соба или стан со цимер/и. На ова треба да ги додадеш и трошоците за храна 150 ЕУ +/- и џепарлакот за социјален живот, кој зависи од твојот животен стил.

    На кој јазик се студира, се бара ли јазичен сертификат

    Студирањето е на словенечки, а за уписот не се бара сертификат за знаење на јазикот.
    Исклучоци се: медицина, стоматологија, фармација, психологија, режија/филм и новинарство, за кои е потребно пред уписот да имате сертификат на *Б2 ниво.
    Студии на англиски јазик има на одредени програми и барањата на факултетите на јазичен сертификат се разликуваат.

    Не знам словенечки јазик, како ќе студирам?

    Словенечкиот јазик е сроден словенски јазик и брзо се учи. Пред доаѓањето во Словенија препорачливо е да го учиш јазикот најмалку 2 до 3 месеци. Партнер на Словего за изучување на словенечки јазик во Скопје е „Институтот Концепт“, кој изминатите години има подготвено стотици кандидати за студии во Словенија. Повеќе за курсевите по словенечки јазик прочитај тука.

    Има ли приемни испити?

    Нема приемни испити за упис на факултет во Словенија, освен на академиите за музика, уметност, филм/режија, спорт, забна протетика и архитектура.

    Дали може да студирам вонредно?

    Да, може да студираш вонредно, а за овој тип на студии се плаќа школарина.

    Има ли старосна граница за упис на факултет во Словенија

    Нема старосна граница за упис на словенечките образовни институции.

    Дали можам да работам како студент во Словенија?

    Да, врз основа на студентската дозвола за престој можеш да работиш до 40 часа неделно. Според законот минималната саатница за студенти е 5,4 ЕУ бруто.

    Дали може да се вработам и да останам во Словенија по дипломирањето?

    Да, препорачливо е да стекнеш студентско работно искуство, за да го искористиш како влог за постојано вработување. Во барањето на работа ќе ти помогне и центарот за кариера на твојот факултет.