Олеснувач на студентскиот буџет

Студентската работа во Словенија е облик на работа наменета за сите запишани домашни и странски студенти на словенечките високо образовните установи. Преку неа државата им овозможува на студентите активно вклучување на пазарот на трудот, стекнување работни искуства и компетенции пред дипломирањето. Студентската работа е популарна меѓу студентите бидејќи таа претставува и олеснувач на студентскиот буџет.

Работа до 40 часови неделно

Словенија е една од ретките земји во ЕУ, но и во светот којашто им дозволува на студентите да работат до 8 часови дневно, односно до 40 часови неделно. Право на студентска работа имаат сите редовни и вонредни студенти на високообразовните установи во Словенија. Иако студентското работење не е редовен облик на вработување, државата тоа им го признава на студентите како работен стаж.

Износот на саатницата е 6,92

Законски одредена минимална саатница за студентите е 6,92€ бруто, односно 5,85€ нето. Од бруто износот 15,5% од платата на студентот оди за придонеси во пензиското и инвалидското осигурување и се пресметува за пензија.

Како до првото работно искуство во ЕУ?

Студентскиот сервис е државна агенција за вработување на студентите која има 19 подружници низ територијата на цела Словенија. Словенечките работодавци дневно објавуваат работни места за студенти во студентскиот сервис. Во описот на работната позиција се наведени типот на работата, местото на работа и поставката за саатницата. Како студентот вие прво треба да се регистрирате во студентскиот сервис. Потоа можете да избирате на кое работно место ќе се пријавите за работа.

Голем избор на работни места

Објавените работни места се краткорочни или долгорочни. Студентите може да избираат помеѓу различни типови на работа. Дел од понудата е за: продажба, услужна дејност, преведување, програмирање, административна работа, промоции, дегустации, работа во угостителски објекти итн.Колку денови и саати ќе работи студентот зависи од потребата на работодавецот и од слободното време на студентот. Па така, тие заедно го одредуваат ангажманот за студентот.

Работни услови

Пред почетокот на работата важно е вие како студент да се договорите со работодавецот за сите работни услови. Студентскиот сервис издава упат за вас, а обврска на работодавецот е да го потпише и на него да стави печат. По завршувањето на работата, фирмата го пресметува работното време и врз основа на тоа ви ги исплаќа заработените пари.

 

[Прочитај следно] Колку ќе ве чини студирањето во Словенија?

Придобивки од студентската работа

Студентската работа во Словенија е огромна придобивка за стекнување на драгоцено работно искуство кај различни работодавачи. Тоа искуство подоцна вие можете да го искористите за добивање на редовно вработување. Сите знаења коишто ќе ги стекнете за време на студентската работа ќе влијаат позитивно на вашиот личен и професионален развој. За најголемиот број на македонските студенти во Словенија студентската работа е нивното прво работно искуство во Европската Унија.

Влог за редовно вработување

Сите стекнати вештини преку студентското работење имаат сериозно место во вашата професионалната биографија. Често се случува по дипломирањето да се вработите таму каде што сте работеле во текот на студиите. Похрабрите дипломци кои имаат свои идеи, искуството од студентското работење можат да го искористат како влог за почеток на сопствен бизнис!

Запишете студии во Словенија со помош на Словего и отворете го вашиот пат до успешна професионална кариера!

 

[Уписи во тек]