Македонските државјани имаат право на бесплатно образование во Република Словенија, врз основа на билатералниот договор меѓу двете земји. Документ е потпишан од двете страни во Љубљана, Словенија на 25.02.2016 година и важи до влегувањето на Македонија во ЕУ.
Во Република Словенија, основното, средното и високото образование се бесплатни за сите словенечки државјани. Оттука, според билатералниот договор, еднакви услови и право на бесплатно образование во Словенија имаат и македонските државјани.
Билатерални договори за бесплатно образование со Словенија имаат потпишано и Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Договорите, исто како и за Македонија, важат до влегувањето на овие земји во ЕУ.
Право на бесплатно студирање во Република Словенија имаат и сите државјани на земјите членки на ЕУ.
[Прочитај повеќе] Додипломски студии во Словенија