1мин. читање

1. Европски квалитет на образование

Студиите во Словенија се бесплатни за македонските државјани, врз основа на билатералниот договор помеѓу двете земји. Уписите се вршат без приемни испити (освен на уметничките смерови), а стекнатите дипломи на словенечките универзитети се меѓународно признаени и претставуваат знак за европски квалитет и академска одличност.

2. Голем избор на студиски програми

Во Словенија има 6 државни универзитети и 143 факултети, на кои можете да избирате меѓу 1500 студиски програми во сите научни области. Студирањето темели на современ академски, интерактивен и иновативен пристап. Наставата е фокусирана на истражување и пракса, а факултетите се опремени со најсовремени технологии и лаборатории. Вашето стручно надградување ќе биде поддржано од врвни професори експерти во својата област.

3. Безбедна и мирна

Словенија постојано е рангирана како една од најбезбедните нации во светот. Во 2017 година Глобалниот индекс за мир (Global Peace Index), ја наведе Словенија како седма најбезбедна земја во светот. Како странски студент во оваа земја вие ќе имате еднакви права со словенечките студенти.

4. Најчиста земја на светот

Обединетите Нации во 2017 година ја прогласија Словенија за најчиста земја на светот.

Титулата „најзелена“ Словенија ја освои поради високото рангирање во сите индикатори за квалитет на воздухот, водата и отпадот, заштита на природата и зелените бизниси. Во 2016 година ЕУ го прогласи главниот град Љубљана за најзелен европски град. Во целата земја има 17 сертифицирани зелени дестинации.

5. Земја на иновации

Словенија спаѓа меѓу најиновативните земји во светот, благодарение на нејзиното огромно вложување за научни истражувања и развој во различни области. Оваа мала земја е во светскиот врв по бројот на изуми, висока технологија, продуктивност, додадена вредност на производството, ефикасност во високото образование (процент на работна сила со диплома).

6. Работа за време на студиите

Словенија е една од ретките земји во Европа и во светот којашто им овозможува на студентите да работат до 40 часови неделно. Преку студентската работа државата стимулира стекнување на работно искуство пред дипломирањето и зајакнување на студентскиот буџет.

7. Животни трошоци

Најголемо олеснување на вашиот буџет е што сте ослободени од плаќање на школарина, а за возврат добивате квалитетно високо образование. Секако пред доаѓањето на студии во Словенија треба да ги земете во предвид и трошоците за сместување и храна, кои во споредба со другите европски земји се релативно ниски.

 

[Прочитај следно] Предности на додипломските студии во Словенија

[Уписи во тек]