Англискиот јазик како средство за научни истражувања
Интернационалната димензија во високото образование во Европа зазема централно место во програмите на европските и националните влади. Овде се вклучени високообразовните институции, студентските организации и агенциите за акредитација.
Користењето на англискиот јазик како средство за научни истражувања и учење во наставата се зголеми пред сѐ на магистерските студии. Тоа ја наметна потребата од зголемување на бројот на меѓународни студиски програми на англиски јазик.
Токму затоа државите на Европската Унија сѐ повеќе нудат магистерски студии на англиски јазик. Целта е да се обезбеди релевантно образование на студентите, кои ќе бидат идните академски глобални граѓани, претприемачи и научници.
Предности на студирањето на англиски јазик во Словенија
На студиите по англиски јазик во Словенија добивате модерен и квалитетен облик на настава, која поттикнува на стратешко размислување и иновации. Од културолошки аспект пак, тоа им овозможува на студентите поголема свест за глобалните прашања.
Универзитетите преку интернационализацијата добиваат можност за светска репутација, а Европа во овој поглед служи за пример на најдобра практика во светот.
Со изборот на магистерски студии на англиски јазик, вие добивате можност да се вклучите во мобилните интелектуални и истражувачки групи. Така станувате квалификуван кадар со глобална свест и мултикултурни компетенции.
Клучни карактеристики на магистерските студии во Словенија
Високото образование во Словенија се спроведува според Болоњскиот систем. Студиите се поделени во три циклуси:
- додипломски студии: 3/4г., 180 – 240 ECTS бодови, бачелор диплома
- магистерски студии: 1/2г., 60 – 120 ECTS бодови, мастер диплома
- докторски студии: 3г., немаат ECTS бодување.
Магистерските студии на англиски јазик во Словенија се фокусирани на практична обука и на интензивни истражувачки проекти. Начинот на пресметувањето на кредитите и оценувањето се мери според тоа колку работата вложува студентот. Овде спаѓаат: вежбите, презентациите, времето поминато на предавањата и на крајот ефикасноста на студентот на испитот.
На магистерските студии студентите не учат само теорија. Нивна задача е да научат да го испланираат истражувањето и методите кои треба да ги одберат за да ги добијат посакуваните резултати.
На мастер студиите на англиски јазик се користи најсовремена литература. Честа пракса е факултетите да вклучуваат во предавањата реномирани професори и експерти со интернационална кариера.
Можност за избор на програми и учество во меѓународни размени
Кандидатите за магистерски студии во Словенија можат да бираат помеѓу студиски програми во иста или сродна област од додипломските студии. Идните студенти имаат можност и да запишат интердисциплинарни студии.
Скоро сите образовни институции имаат партнерска институција во друга држава во Европската унија. Некои од факултетите ги реализираат заедно програмите со образовни институции на друг континент.
Од една страна, тоа им овозможува на студентите да одат на меѓународна размена во друга држава за време на студиите. Но, и да се стекнат со двојна диплома, со која стануваат уште поконкурентен кадар на глобалниот пазар на работна сила.
Магистерски студии на англиски јазик во Словенија
Словенија е полноправна членка на Европската Унија од 2004 година и држава членка на шенген зоната од 2007 година. Оваа мала држава (2,1 милиони жители), потписничка на Болоњската декларација вложува многу во високото образованието. Токму затоа, земјата е препознатлива дестинација за многу странски студенти, не само од Европа туку и од светот.
Понудата на магистерски програми на англиски јазик е широка, а стекнатата диплома на словенечките универзитети е меѓународно признаена.
Некои од факултетите во Словенија имаат тројни меѓународни акредитации. Тоа ги позиционира високо на листата на најпрестижните универзитети во светот. Во Словенија можете да бирате студии на англиски јазик во сите научни области. Овде наведуваме некои од нив:
- технички науки: градежништво, архитектура, информатика, ИТ инженерство, електротехника, техничка безбедност, металургија, геологија, геотехнологија
- природни науки: хемија, хемиско инженерство, биохемија, биоинформатика
- општествени науки: економија (16 смерови), менаџмент, политички науки, меѓународни односи, европски студии, туризам, јавна администрација, одбранбени студии, англиски јазик, педагошки смерови, етнологија, културна антропологија
- бројни интердисциплинарни или комбинирани студии.
Услови за упис
Странските студенти се запишуваат на магистерски студии во Словенија под истите услови кои важат за домашните студенти. Приемни испити нема, освен на уметничките академии. Роковите за пријавување почнуваат во почетокот на март и траат различно во зависност од факултетот. За успешен упис потребно е да се испочитуваат и роковите за поднесување на комплетната документација. Некои од факултетите ќе побараат од вас да приложите и сертификат за знаење на англискиот јазик. Кога ќе добиете одговор од факултетот дека сте примени следува упис на високообразовната институција. Потоа се регулира и дозволата за престој врз основа на студии.
Заштедете драгоцено време и енергија за пребарување на веродостојни информации, детали за студиските програми и условите за упис и контактирајте нѐ уште денес да ви помогнеме на патот до гарантиран упис на студии во Словенија!
Исполнете го образецот за бесплатна консултација со нашите искусни ментори за едукација и откријте дали нашата понуда за советување одговара на вашите потреби. Ќе ви одговориме најбрзо што можеме!
[Прочитај следно] Додипломски студии во Словенија: услови за упис