3 мин. читање

Магистерски студии во Европа

Завршувате додипломски студии или само што дипломиравте и сте поставени пред уште еден важен животен предизвик, продолжување на образованието?
Вашата земја ви нуди можности за доусовршување и продлабочување на знаењата во студиската област во која дипломиравте, но… сепак сакате да излезете од рамката на националната понуда за едукација. Ваша желба е да стекнете нови и надградени квалификации кои ќе ви овозможат интернационална кариера?

Словенија е одлична дестинација за магистерски студии во Европската унија!

Оваа земја со одлична географска местоположба во Европа е седма најбезбедна земја во светот. Оттука нема причини да се грижите за вашата безбедност. Словенија е модерна и современа држава, а животот во неа е прилично достапен за студентите.

Словенечкиот високо образовен систем нуди бесплатно образование на државните универзитети за сите државјани на Македонија, Србија, Црна Гора, Бих и Косово. Бесплатни студии во Словенија имаат и сите државјани на земјите членки на ЕУ.

Странските студенти кои не доаѓаат од гореспоменатите држави плаќаат школарина во износ од 3000 до 15.000еу по студиска година.

Една од причините зошто голем број на интернационални студенти ја бираат Словенија за магистерски студии е и можноста за патувања. Земјата има богата културна и историска традиција… а природните убавини и чистата животна околина се одлична можност да го поминувате слободното време во истражување, излети или спортување.

Понатаму, Словенија се граничи со четири држави: Италија, Австрија, Унгарија и Хрватска. Патувањата не значат пауза од студирањето, затоа од Словенија можете за два часа да посетите една од соседните земји.

Словенечката студентска виза ви овозможува слободно и без ограничување да патувате во Европската Унија.

Транспортниот систем во Словенија е ефикасен. Без разлика дали ќе изберете  автобус, воз или авион, земјата има одлични конекции со сите дестинации во Европа.

Широк избор на магистерски студии и услови за упис

Словенечките универзитети имаат квалитетен едукациски систем со препознатлива традиција, кој овозможува академско надградување во сите научни области. На 6 – те универзитети се спроведуваат 594 магистерски студиски програми во сите научни области. Тие ќе ви ги понудат најновите научни истражувања и ќе ве подготват самоуверено да се соочите со глобалните предизвици.

Каква е процедурата за пријавување на магистерски студии во Словенија

1. Избор на Универзитет

При изборот на универзитетот сигурно сакате да ја земете во предвид локацијата на факултетот. Понатаму, понудата на магистерски програми, на словенечки или на англиски јазик. И на крајот предностите на живеењето во еден или друг град и типот на сместување.

2. Проверка на условите за упис

За упис на магистерски студии во Словенија нема приемни испити, освен на уметничките академии. Роковите за пријавување се отвораат во март и траат различно, во зависност од факултетот. Најважно е да ја имате дипломата од додипломските студии во раце, за да се направи нострификација на вашето досегашно образование.

Доколку сте пред дипломирање сѐ уште можете да се пријавите. Но, под услов да ја имате дипломата најдоцна до крајот на август или почетокот на септември.

Следно е да ги проверите условите за јазикот на студирање. За упис на магистерски студии не е потребен сертификат за знаење на словенечкиот или на англискиот јазик. Но, има исклучоци и одредени факултети од вас ќе побараат да приложите и сертификат за знаење на јазикот.

При селекцијата на пријавените кандидати некои факултети ќе го земат во предвид и вашиот просек од додипломските студии. Може и да побараат од вас да напишете мотивациско писмо.

3. Подгответе ги вашите финансии

Животните трошоци варираат од локацијата на студиите, но генерално тие се највисоки во главниот град Љубљана. Како ќе ги покривате трошоците секако зависи од вашиот животен стил и вашите навики за трошење.

4. Поднесување на пријавата за упис

Словенечкиот високо образовен систем дозволува секој кандидат да се пријави на три студиски програми. Најважен е првиот пријавен рок за магистерски студии кој почнува во март, бидејќи тогаш се сите места слободни. Одредени факултети распишуваат и втор пријавен рок, па дури и трет доколку не се исполниле сите места.  Роковите за аплицирање се различни на секој факултет. Затоа осигурете се да не ги пропуштите предвидените датуми и контактирајте ги нашите ментори за едукација кои имаат сеопфатни знаења. Не чекајте до последниот ден, во случај факултетот да побара од вас да обезбедите дополнителен документ.

5. Упис

Откако е поднесена целата документација и сте ја поминале нострификација на вашата диплома, факултетите ја завршуваат селекцијата на пријавените кандидати. Доколку ги исполнувате сите услови за уписот и сте ја испочитувале целата процедура и роковите, очекувајте одговор дека сте примени. Дури потоа следува и официјалниот упис.

6. Барање на сместување

Штом ќе бидете примени на студии во Словенија треба да почнете со барање на сместување во студентски дом или стан. Трошокот за сместување веројатно ќе биде вашиот најголем месечен издаток. Износот најмногу ќе зависи од тоа во кој град ќе студирате, а цените почнуваат од 130еу па нагоре на месец.

7. Обезбедете здравствено осигурување

Пред да дојдете во Словенија на студии, треба да обезбедите здравствено осигурување. Тоа треба да го покрива вашиот престој за време на студиите. Осигурувањето е еден од условите за добивање на студентската виза.

8. Доаѓање во Словенија

Најдобро време да дојдете во Словенија е две до три недели пред почетокот на студиите во октомври. Во овој период ќе можете да го запознаете градот и да се подготвите без стрес за почетокот на студирањето.

9. Поднесување на барање за дозвола за престој врз основа на студии/студентска виза

Барањата за регулирање на дозволата за престој зависат од административната единица во градот во кој што ќе студирате. При поднесувањето на барањето треба да ги имате подготвено сите потребни документи. Советникот во административната единица има автономно право да ви побара некој дополнителен документ доколку смета дека тоа е потребно. Доколку сте ги поднеле сите потребни документи, не треба да се грижите дали ќе ви биде одобрена студентската виза.

10. Почеток на студентскиот живот во Словенија

Откако ќе ги завршите сите претходни процедури, вие сте подготвени да ги почнете студиите во Словенија! Препуштете се во новите предизвици, искористете ги сите можности и светот ќе биде ваш!

Исполнете го образецот за бесплатна консултација со нашите искусни ментори за едукација и откријте дали нашата понуда за советување одговара на вашите потреби. Ќе ви одговориме најзбро што можеме! 

[Закажи консултација]