Испланирајте ги вашите трошоци со нашиот водич за буџет

Студирањето во странство може да биде скапо. Но, благодарение на билатералниот договор за вас студирањето во Словенија е бесплатно. Во оваа европска земја имате достап до квалитетно образование без да плаќате школарина.

Но, пред селидбата, треба да ги земете во предвид сите трошоци. Овде спаѓаат: киријата, храната, здравствено осигурување, транспорт и буџетот за социјално дружење за време на студирањето во Словенија.

Во овој текст ќе ви помогнеме да го испланирате вашиот буџет за студии во Словенија ефективно.

Ослободени сте од плаќање на школарина

Најголема предност на студирањето во Словенија е што сте ослободени од плаќање на школарина. Другите странски студенти плаќаат од 3.000еу до 15.000еу во зависност од студиската програма, на годишно ниво.
Ова е најголемото олеснување на вашиот буџет за студии во странство. За возврат добивате меѓународно признаена диплома во ЕУ и во светот.

Пресметајте ги трошоците за сместување

Цените на сместувањето во државните студентски домови  во Словенија се движат од 120еу до 180еу на месец. Тие зависат од локацијата и од тоа дали делите соба или апартман со цимер/и или сте сами.

Други можности за сместување се приватните студентски домови. Тие вообичаено имаат повисоки цени од државните домови и приватното сместување. Цената на приватното сместување зависи од градот на студиите. Понатаму улога на цената има и локацијата и повторно дали ќе живеете сами или со цимери. Вообичаено цената за месечна кирија во приватно сместување почнува од 150еу па нагоре.

Трошоци за студентска виза

Откако ќе ве примат на еден од словенечките факултети, прв чекор што треба да го направите е да ја уредите студентската виза. Трошоците за уредување на студентската виза се околу 70еу. За повеќе информации околу регулирањето на студентската виза во Словенија контактирајте ги нашите ментори за едукација.

Животни трошоци

Како студент во Словенија вие треба да ги испланирате вашите месечни трошоци за храна, социјално дружење и за непланирани ситуации. Голем олеснувач на студентскиот буџет се „студентските бонови“ преку кои државата на секој студент му ја субвенционира исхраната.

Како странски студент во Словенија треба добро да ги испланирате вашите месечни трошоци, за да не ви се случи да потрошите повеќе од планираното. Земајќи во предвид различни животни трошоци, буџетот на студентот во Словенија е приближно 400еу на месец.

Тука се вклучени месечната карта за градски превоз која исто така е субвенционирана од државата, трошоците за мобилен телефон и буџетот за социјално дружење и излети.

Здравствено осигурување

Сите странски студенти во Словенија мора да имаат здравствено осигурување и тоа е еден од условите за уредување на студентската виза.

Македонските студенти можат да користат здравствено осигурување, врз основа на билатералниот договор меѓу двете земји. Тоа е основно осигурување.  Препорачливо е секој студент да има и приватно здравствено осигурување кое покрива повеќе услуги и ќе ве чини околу 200еу.

Трошоци за транспорт

Како студент во Словенија вие ќе можете да користите јавен транспорт со попуст на месечни карти. Државата им го субвенционира превозот на сите студенти, па така за месечна карта вие ќе плаќате половина цена. Во Љубљана на пример месечната карта чини 37еу, додека за студентите таа изнесува 20еу. Меѓу студентите е многу популарно и изнајмувањето на велосипед, кој ќе ве чини 3еу за цела година.

 

[Прочитај следно] Предности на додипломските студии во Словенија