Словенечкиот високообразовен систем нуди туторство во форма на советување и помош на студентите за време на студиите и нивниот академски развој. Целта на туторство е да им го олесни почетокот на студиите на сите нови студенти.

Преку овој вид на помош, на бруцошите им се обезбедуваат информации, знаења и корисни искуства поврзани со сите подрачја на студентскиот живот.

Што е тутор?

Тутор може да биде студент од повисоките години или професор.

Улогата на туторот студент е да ги советува студентите за теми поврзани со студентскиот живот. Тоа се теми поврзани со студентските домови, јавниот превоз, студентските бонови или со студентската работа. Туторот им помага на студентите и при совладувањето на наставното градиво по одреден предмет.

Професорите тутори, даваат совети во врска со студиите, изборот на предметите и продолжување на студиите на повисок степен. Тие им помагаат на студентите и со совети за нивните можности за кариера.

Различни видови на туторство

Во зависност од потребите на своите студенти, универзитетите обезбедуваат различни видови на туторство. Студентите можат да изберат: воведно, предметно, туторство наменето за студенти со посебни потреби, за странски студенти или советување за пракса.

Доколку сметате дека и на вас ќе ви биде од корист туторството, обратете се на вашиот матичен факултет. Од таму ќе ви обезбедат контакт за тутор и повеќе информации за тоа како тече комуникацијата со него.

 

[Прочитај следно] Додипломски студии во Словенија: услови за упис