Меѓународно признаени дипломи со европски квалитет

Доколку сакате да излезете од рамката на националната понуда на студиски програми и сакате да стекнете меѓународно признаена диплома со европски квалитет, која ќе ви овозможи интернационална кариера, тогаш Словенија е одличен избор за вас!

Додипломските програми во Словенија се современи и модерни и ги следат последните научни трендови. Некои од словенечките факултети имаат тројни меѓународни акредитации, што ги позиционира високо на листата на најпрестижните универзитети во светот.

Прва предност за македонските државјани е што се ослободени од плаќање на школарина, врз основа на билатералниот договор. Бесплатни студии во Словенија имаат и државјаните на Србија, БиХ, Црна Гора и Косово. Бесплатни студии во Словенија имаат и државјаните на сите земји членки на ЕУ.

Другите странски студенти во Словенија плаќаат школарина од 3000еу до 15 000еу за една година, во зависност од академската програма.

Уште една предност на студирањето во Словенија е што вие како странски студент ќе ги имате истите права со домашните студенти. Вие ќе можете да користите бројни погодности. Најпопуларни меѓу студентите се: студентските бонови,  правото на студентска работа, на стипендии и можност за учество во Еразмус + програмата.

 

Студенти во Словенија

Голем избор на студиски програми

На словенечките универзитети можете да избирате додипломски студии во сите научни области, овде наведуваме некои од нив:

  • општествени и хуманистички науки: управување со кадри, туризам, менаџмент, право, историја, односи со јавност, меѓународни односи, политологија, социологија, географија, јавна администрација, туризам, менаџмент, лингвистика
  • економски науки: меѓународен бизнис, сметководство, е – бизнис, маркетинг, банкарство и финансии, ревизија, деловна економија, претприемништво
  • природни науки: хемија, биологија, микробиологија, физика, астрофизика, биохемија
  • медицински и здравствени науки: медицина, стоматологија, забна протетика, фармација, физиотерапија, здравствена нега
  • технички науки: градежништво, машинство, архитектура, електротехника, енергетика, мехатроника, ИТ технологии, металургија, геологија
  • бројни интердисциплинарни или комбинирани програми.

 

Рокови за пријавување и потребна документација

Првиот и најважен рок за пријавување на додипломски студии почнува во февруари. Тогаш се сите места слободни и на некој начин го „резервирате вашето место“. Потребната документација за упис се разликува во зависност од студиската програма.

За успешен упис, потребно е да ја испочитувате целата пријавно – уписна процедура од почеток до крај, која трае околу 6 месеци и секако да ги исполнувате условите за упис, односно да го имате потребниот просек на оцени за конкретниот факултет.

Запишете и вие перспективни и квалитетни додипломски студии во Словенија со помош на искусните ментори за едукација во Словего!

Исполнете го образецот за бесплатно советување и откријте дали нашата понуда одговара на вашите потреби за упис на бесплатни студии во Словенија

 

[Прочитај повеќе] Додипломски студии во Словенија