Универзитетот во Љубљана е рангиран меѓу 1,8% најдобри универзитети на светот од 19 788 на листата на Центарот за светско рангирање на универзитетите (Center for World University Rankings).

Во годинешното рангирање оваа организација го рангираше Универзитетот во Љубљана на 374-то место за периодот 2021 – 2022 година.
Универзитетот во Марибор, кој што е втор најголем државен универзитет во Словенија е рангиран на 1059 место, што го вбројува меѓу 5,4% најдобри универзитети во светот.

CWUR го врши рангирањето врз основа на квалитетот на образованието, вработувањето на алумните, квалитетот на факултетите и резултатите од научните истражувања, без да се потпира на анкети и извештаи за податоци од универзитетите.

Проектот на CWUR од 2012 година е започнат со цел да се рангираат најдобрите 100 универзитети на светот, кој пак по барање на универзитетите и медиумите од година во година ја ширеше листата на високообразовни институции.

Од 2019 година CWUR ја прошири листата на 2000 најдобри универзитети од речиси дваесет илјади на светско ниво, што претставува најголемо академско рангирање на универзитетите во светот.

CWUR (https://cwur.org/) е водечка консултантска организација, која што им дава совети на универзитетите и на државите во врска со политиките, стратешки познавања и консултантски услуги за подобрување на образовните и истражувачките резултати.