11.06.2021
Летото во Љубљана и оваа година го отвораме со фестивалот Јуни во Љубљана, кој ќе се одржи на Конгресниот плоштад од 11 до 22 јуни 2021.
Уметноста ни помагаше низ моментите, кои беа невообичаени и неочекувани. Со епидемијата се научивме да живееме, но не го прифативме фактот дека мерките за ограничување на епидемијата оневозможуваат или ни го ограничуваат пристапот до културата и уметноста.
И токму поради тоа бидејќи не се предадовме и бидејќи знаеме дека уметноста е еден од клучните елементи на секоја цивилизација, со задоволство го најавуваме традиционалниот фестивал Јуни во Љубљана!
Овогодинешниот фестивал ви нуди посета на врвни театарски, музички и танцови претстави од различни уметнички видови и запознавање со продукциите на јавните културни институти и невладини организации од областа на уметноста.
Овогодинешниот 13. фестивал Јуни во Љубљана ќе се одржи на Конгресниот плоштад од петок 11 јуни до вторник 22 јуни 2021.
Вечерта на отворањето ја подготвува Градскиот љубљански театар со мјузиклот Турандот. На тоа следат уште девет врвни вечери, а претпладневните и попладневните настани ќе бидат наменети за детски и младински претстави.
Посетата на фестивалот е бесплатен за сите посетители, билети нема, а потребно е да се почитуваат препораките и одлуките на Владата, претстојните министерства и на Националниот институт за јавно здравје. Бројот на места ќе биде ограничен согласно важечките мерки.
Програмата на фестивалот можете да ја видите овде и на ФБ страната на фестивалот.
Извор: www.ljubljana.si
Фото: ФБ Фестивал Јуни Љубљана