Во дворот на Љубљанскиот замок од 15 јули до 7 август се одржува летното кино „Филм под ѕвездите“ во организација на Замокот Љубљана и  градското кино Кинодвор.

Оваа година на репертоарот на летното кино љубителите на филмската уметност ќе можат да гледаат 24 филмови, меѓу кои и најдобрите филмови на годинешната кинематографска сезона, а 12 од нив ќе бидат претпремиери.

Проекциите на филмовите почнуваат секоја вечер во 21:30 часот.

Филмовите се прикажуваат во изворниот јазик со словенечки превод, а филмовите на англиски јазик ќе имаат титлови на англиски јазик.
Програмата на годинешното кино на отворено можете да ја погледнете овде.

Цената на билетите е 5 евра, додека пак билетот за претпремиерите ќе ве чини 6 евра.

Билетите може да се купат на благајната на Љубљанскиот замок, во киното Кинодвор или преку интернет: https://bit.ly/3xSB3eJ.

Фото: Domen Pal, извор: Kinodvor. Mestni kino