Викендите се за одмор од студиските обврски, па затоа секој студент сака да ги помине на страна од градскиот метеж. За вас одбравме пет ридови каде може да се опуштите и да дишете планински воздух. Блиску до Љубљана, но сепак далеку од градската бучава, овие места се совршени за пикник прошетки со колегите или пешачење со вашата омилена музичка плејлиста.
1. Шмарна гора
Шмарна гора нуди прекрасен поглед на Камнишките и Јулијските Алпи на Љубљанската котлина. Покрај погледот, уште една причина да ја посетите Шмарна гора е и познатото ѕвоно, за кое се верува дека ги остварува желбите на оние, кои ќе заѕвонат на него. Искачувањето трае меѓу половина и еден час, секако во зависност од патот кој ќе го изберете. Можете да избирате помеѓу петнаесет полесни уредени планинарски патеки.
Замислете желба и упатете се кон Шмарна гора!
2. Рашица
Врвот Стане Косца, попознат како Рашица, се наоѓа северно од Љубљана, поточно над селата Рашица и Добена.
На врвот се наоѓа 17 метри висока кула од која пред вас се отвора прекрасен поглед над поголемиот дел од централна Словенија, каде што најдобро може да се видат Алпите Камник-Савиња.
Само неколку метри под врвот има и планинарски дом, кој е отворен секој ден и ве очекува!
3. Крим
Скоро и да не постои Љубљанчанец кој го нема доживеано пејзажот кој го нуди Крим. Поради својата локација и форма, Крим е еден од најпрепознатливите ридови во околината на Љубљанскиот басен, кој секоја година го посетуваат илјадници планинари.
Тоа е убедливо највисокиот рид во околината на Љубљана, но и погледот од врвот е исто така најубав. Кога стоите на врвот под вашите нозе лежи целото Љубљанско мочуриште, и пред вас се простира поглед кон Алпите Камник Савиња, додека на десната страна над Гросупље се отвора планинскиот синџир на Посавската шума заедно со Кум. При добри временски услови од Крим можете да го видите и Похорје.
4. Велика планина
Велика планина нуди прекрасен поглед на околните врвови, како Гринтовец, Скута, Брана, Ојстрица, Плањава, Лушка Баба и Камничко седло. Погледот е особено убав на пролет, кога овие планини се сеуште се покриени со бели зимски покривки. Така можете да уживате во убавата пролет гледаќи ги последните снежни покривки во околината.

Велика планина
Велика планина припаѓа на Алпите Камник-Савиња и зафаќа 5,8 квадратни километри. Највисок врв на планината е Градише, кој се издига 1666 метри надморска височина. Искачувањето на оваа планина ви нуди воедно и прилика да не заминете од Словенија без да ги искачите светски познатите Алпи!
5. Доломити
Полхоградските доломити, исто така наречени Полхов Градец или Пограјци, се словенечки регион кој се граничи со од него малку повисокиот рид Шкофја Лока на север и со Љубљана на југ. Меѓу најпопуларните места за пешачење кога станува збор за Доломитите се Јакоб и Осолник.
Разновидниот пред-алпски свет западно од Љубљана е познат по своите остри врвови, прекрасен поглед и разновидна вегетација. Доломитите се вовед во Алпите, но сепак пристапни и за помалку искусни и подготвени планинари.