21.9.2021

Студентскиот статус автоматски им припаѓа на сите редовно запишани студенти во Словенија. Покрај должностите, тој носи со себе и многу придобивки. Студентскиот статус трае од почетокот на студиската година, 1-ви октомври па се до крајот, односно до 30-ти септември следната календарска година.

Статусот на студент го докажувате со покажување на студентска картичка, студентски е-индекс или потврда за запишување заедно со лична карта.

Како студент во Словенија, вие ќе ги имате следните права:

  • здравствена заштита (здравствено осигурување за родители до 26 години)
  • субвенционирани оброци (бонови за прехрана)
  • субвенциониран превоз со јавен превоз (автобус, воз)
  • стипендии (државна стипендија, Зоис, кадровска, итн.)
  • студентска работа преку овластени организации (студентски сервис).

Попусти и поволности, студентите може да добијат и во банките, бидејќи тие нудат поповолни деловни услови, студентски заеми и лимити. Понатаму останати попусти може да се користат во технички продавници, каде што студентскиот статус носи поволност при купување основни студентски додатоци како што се калкулатор, тетратки, папки, а исто така и компјутери/лаптопи, аудио, видео или други видови на технологија.

Како студент во Словенија имате можност за унапредување и завршување на студиите за помалку време отколку што е предвидено со студиската програма. Исто така ќе имате право да го полагате бесплатно барем три пати еден ист предмет во една академска година.

Студентите во Словенија имаат право еднаш да ја повторат годината за време на студиите во високообразовна институција (факултети, академии и виши стручни школи) или да се префрлат на друга студиска програма како редовни студенти. Кога ќе се искористи една од овие две можности, останува само можноста за вонредно студирање, за кое што се плаќа школарина.

Доколку исполнувате услови за придобивање на специјален статус, на словенечките универзитети
можете да добиете статус на спортист, статус на уметник или статус на лице со попреченост. Во овие случаи вашиот матичен факултет ќе се потруди да се прилагоди на вашите професионални обврски или на вашата состојба и да ви го олесни студирањето.

Доколку ги прекинете студиите или пак статусот на студент ви е истечен, се губат сите студентски права.

Студентскиот статус може да се прекине или изгуби:

  • откако ќе дипломирате
  • не го продолжите образованието на постдипломски студии
  • не сте дипломирале 12 месеци по завршувањето на последниот семестар
  • доколку се одлучите да не запишете следна година или семестар
  • Со завршување на магистерски/постдипломски студии
  • не завршите додипломски студии во соодветниот период
  • сте исфрлени од универзитетот
  • се отпишете.

Главните должности и задачи на студентот се присуство на предавања, вежби и семинари, редовно полагање на колоквиуми, испити и други студиски обврски.

 

[Прочитај следно] Додипломски студии во Словенија: услови за упис