Љубљана е рангирана на првото место во изборот на најдобри зелени престолнини во Европа, според организацијата „European Best Destinations“.

Словенечката престолнина ја доби титулата „Европска најдобра зелена престолнина“ со развојот на одржливи пристапи кон туризмот, како и одлични природни ресурси.

На табелата што ја формираше жирито, Љубљана шеста година по ред го зазема завидното прво место. Жирито беше воодушевено од квалитетот на воздухот и водата во Љубљана, големите зелени површини по глава на жител, уредноста на јавниот транспорт и велосипедските рути, природниот туризам и можноста за активни одмори. Меѓу главните предности е и одржливата ориентација на љубљанскиот регион како туристичка дестинација.

Исто така, Љубљана беше наведена како една од 20-те европски градови рангирани како најдобри зелени престолнини за 2022 година во објава на американското списание „Forbes“, едно од најпопуларните во САД и светот кое има зачленето околу 80 милиони читачи/претплатници.

„European Best Destinations“ е веб-страница за патувања посветена на промовирање на културата и туризмот во Европа. Создадена во 2009 година, таа е најпосетуваната веб-страница посветена на туризмот во Европа веќе 8 години по ред.

Доколку сакате и вие да студирате во најдобрата европска зелена престолнина, не двоумете се да нѐ контактирате и пишете ни на info@slovego.com.

 

[Прочитај следно] 5 ридови кои мора да ги освоите во Љубљана