Бесплатен курс за словенечки јазик и дополнителна година за бруцоши
Year plus е бесплатен курс за учење на словенечкиот јазик, наменет за странските бруцоши во Словенија. Целта на курсот е студентите полесно да се вклучат во академската средина и оптимално да го совладаат словенечкиот јазик.
Оваа програма претставува и дополнителна година од студиите. Доколку студентот поради недоволно познавање на јазикот не ги положи испитите, тој ќе може уште еднаш да ја запише првата година. Предноста е што тоа нема да му се смета како квадрирање во текот на студиите.
Година плус се спроведува на Универзитетите во Љубљана и на Приморска. Таа се одвива паралелно со студиите, односно во текот на првиот и на вториот семестар.
Учесниците во Year Plus програмата, одат на часови во распоредени групи од најмногу 20 студенти. Нивното присуството на курсот е задолжително. На крајот на семестарот кога завршуваат предавањата, студентите полагаат испит по словенечки јазик.
Доколку го положат успешно, тие добиваат 6 кредитни точки, односно по 3 за секој семестар. Овие точки се важни, во случај на студентот да му недостасуваат како услов за положени предмети (најмалку 24 точки) при повторно запишување на првата година.
Пријавувањето е во септември
Пријавувањето за Year Plus е во текот на септември, односно веднаш по добивањето на потврдата дека студентот е приемен на факултет. Имајте во предвид дека бројот на места е ограничен, затоа доколку сакате да се пријавите, не чекајте до последен момент.
Универзитетот во Љубљана минатата година распиша 839 места за странски студенти, а предвидениот број на места за Year Plus беше 300.
[Прочитај следно] Еразмус + меѓународна програма за студентска размена